„За Елиза“, мистерија зад една од најубавите композиции во историјата

Додека повеќето веќе по првите тактови ќе ја препознаат композицијата „За Елиза“ на Лудвиг ван Бетовен, ретко кој може да се каже со сигурност која била жената на која ѝ било посветено ова дело. 

Za Eliza misterija zad edna od najubavite kompozicii vo istorijata 01 630x340

Композицијата е објавена во 1865 година, 38 години по смртта на Лудвиг ван Бетовен. Делото го пронашол писателот Лудвиг Нол, кој тврдел дека оригиналниот ракопис, потпишан од страна на Бетовен, датирал од 27 април, 1810 година. Бројни истражувачи дошле до неколку имиња и приказни за љубовниот живот на познатиот композитор кои би можеле да ни објаснат која била, всушност, Елиза.

Музикологот Макс Унгер, кој го проучувал животот и делото на Лудвиг ван Бетовен, бил убеден дека Лудвиг Нол згрешил при препишување на ракописот и дека во оригиналниот наслов на композицијата всушност пишувало „За Тереза“.

Тој верувал дека оваа композиција била инспирирана од Тереза Малфати, пријателката на Бетовен која ја побарал за жена во 1810 година.

Меѓутоа, таа ја одбила неговата понуда за брак и неколку години подоцна станала сопруга на австрискиот благородник, барон Вилхелм фон Дросдик. Композицијата, „За Елиза“ била пронајдена меѓу нејзините приватни предмети.

Za Eliza misterija zad edna od najubavite kompozicii vo istorijata 03

Интересно е и дека постои композиција наречена „За Тереза“, а се работи за соната бр. 24, која познатиот уметник ѝ ја посветил на грофицата Тереза фон Брунсвик, една од неговите ученички.

Германскиот композитор и музиколог, Клаус Мартин Копиц, од друга страна, не верува дека Елиза била погрешно заменета со Тереза. Тој сметал дека се работи за прекар на името Елизабет.

Елизабет Рекел, родена во 1793 година, била оперска пејачка и помлада сестра на Јозеф Рекел, со кој живеела во Виена. Во април, 1810 година, кога настанала композицијата „За Елиза“ Елизабет требала да се пресели од Виена.

Za Eliza misterija zad edna od najubavite kompozicii vo istorijata 02

Доказите дека Елизабет е Елиза на Бетовен можат да се пронајдат во писмата во кои ѝ се обраќале токму со овој прекар. Елизабет и Бетовен останале блиски пријатели долго време.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...

Најчитани неделава