Четири победници, песна за Путин: 5 големи пропусти и скандали низ годините на Евровизија

Додека сцената, светлата и учесниците се трудат да бидат претставени на највисоко можно нивно, сепак, како и на секој настан, така и на Евровизија, низ годините се случуваа извесни пропусти и скандали.

cetiri-pobednici-pesna za putin-5-golemi-propusti-i-skandali-niz-godinite-na-evrovizija-001.jpg

Веројатно не сте ги забележале при самото гледање (на некои од нив не сте ни можеле да сведочите), но се повеќе од интересни и вредни за паметење:

1. Четирите победници во 1969-та

Пред Евровизија да го воведе комплексниот начин на гласање како што е денес, земјите на располагање имале вкупно 5 гласа кои можеле да ги доделат кому сакаат.

Но, овој систем се покажа како екстремно некорисен, со оглед на тоа што во 1969-та година 4 земји учеснички имаат ист број на гласови, па така победници беа Холандија, Обединетото Кралство, Шпанија и Франција со по 18 гласови.

2. Дана Интернационал – првите учесници трансексуалци

Во 1998-ма година на евровизиската сцена за првпат настапија трансексуалци – групата попозната како Дана Интернационал. Тие беа претставнички на Израел со песната Diva.

3. Грузија во 2009-та со песната We Don’t Wanna Put In

Воениот конфликт меѓу Грузија и Русија се актуелизираше низ Евровизија, кога во 2009-та Stephane & 3G беше избрана за претставничка на Грузија со песната We Don’t Wanna Put In.

Со оглед на видливата позадина зад насловот и песната, групата беше замолена да го промени текстот. Сепак, на крај решиле дека е подобро да не учествуваат, отколку да прават било какви промени.

https://www.youtube.com/watch?v=F9Wp0IEl1yw

4. Бакнежот на сцена во 2013-та

Финската претставничка во 2013-та година Криста, имаше тематски настап како венчавка, која на крајот заврши со бакнување на една девојка од нејзините пратечки вокали.

Ова служеше како своевиден протест против забраната за истополови бракови во Финска.

5. Шведската претставничка падна на сцената во 2013-та

Карола, Шведската претставничка во 2013-та година имаше незгода предизвикана од сценскиот настап, која секако беше овековечена со видеа од публиката.

И секако, да не го заборавиме шегаџијата кој во 2017-та го покажа задникот на евровизиската сцена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
„Его“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi „Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Му...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg