Холандија ни ја зема победата пред нос, но Тамара е нашиот победник вечерва!

Заврши уште едно издание на спектакуларно евровизиско шоу, оваа година одржано во Тел Авив. Со победа си замина Холандија.

holandija-ni-ja-zema-pobedata-pred-nos-no-tamara-e-nashiot-pobednik-vecherva-01.jpg

Она што на сите им ги наполни срцата е високиот пласман на Тамара според гласовите од земјите, која долго време се бореше за првото место со Шведска и Италија во табелата.

Сепак, со гласовите од публиката, работите брзо се променија и Шведска и Холандија се бореа за првото место, кое го освои Холандија со 482 гласа. 

Македонија никогаш не доживеала толку голем успех, а фановите до последен момент со нетрпение ги пратеа гласовите. Тамара освои 8-мо место со 295 гласови. 

Радост која веројатно не се ни надевавме дека ќе ја искусиме, додека не ја видовме нашата земја на врвот од листата со бодови. Се поклонуваме пред тоа што го остави срцето на сцена!

holandija-ni-ja-zema-pobedata-pred-nos-no-tamara-e-nashiot-pobednik-vecherva-02.jpg

Со вкупно 482 освоени поени, убедлив победник за 2019-та беше Данкан Лоренс со песната Arcade.

Како звучеше изведбата и како изгледаше победничкиот настап:

Би можело да ве интересира:

Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Личната борба ја преточи во песна - Слушнете ја „Молитва” на Ивона Јо (видео) Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна ...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти... Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...

Најчитани неделава