Поради грешка во гласањето на Евровизија: Македонија е победник од жири и 7-мо место

ЕБУ (Европската радиодифузна унија) се огласи официјално и прогласи дека имало грешка во гласањето од страна на Белорусија.

48791536 303

Грешка која Македонија ја направи победник од жири и официјално ја стави на 7-мото место од табелата.

Жирито од Белорусија беше распуштено поради човечка грешка која не можела да биде предвидена, а беше откриено и дека нивните гласови се контрадикторни на правилата на Евровизија.

Инаку, ЕБУ е конфедерација на 75 радио-дифузни организации од 56 земји и уште 43 придружни членки од други 25 земји од светот. Таа не е поврзана со Европската Унија. Членки на ЕБУ се радио и тв компании, повеќето од нив се јавни радио дифузни сервиси, но во ЕБУ членуваат и приватните радио и телевизиски станици.

Македонија е полноправна членка на ЕБУ од 1993 година.

Официјалното прогласување и известување погледнете го ТУКА.

Резултатите на првите 4 земји остануваат непроменети, но Македонија и нашата Тамара се искачи на 7-мата позиција, од 8-ма.

Исто така, Македонија беше прогласена за победник од жирито на Евровизија.

Би можело да ве интересира:

Бугарската претставничка победи на Евровизија 2026 – Израел на второ место Вечерва во Виена се одржа 70-тото издание на Евровизија, а победник е претставни...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 год...
Дорис Ди (16) ја промовираше песната „ Земјо моја“ и ја посвети на сите Македонци кои живеат далеку ... Младата пејачка со моќен глас Дорис Ди (16) ја промовираше новата песна „ Земјо ...
Маестрален настан со многу душа: Зошто ме трогнаа Сара Мејс и девојките на сцената на Филхармонија? Едни од најмоќните и најдоминантни вокали во Македонија, во комбинација со танц,...
Димитар Васлиевски го претставува своето прво музичко дело – „Твоето име“ Младиот талент, охриѓанецот Димитар Васлиевски го најавува своето прво официјалн...

Најчитани неделава