Најдобрите настапи на MTV Video Music Awards (видео)

Секој август љубителите на музиката со нетрпение ги очекуваат музичките награди на MTV. Голем дел од номинираните артисти настапуваат на доделувањето на наградите, а некои настапи навистина се истакнуваат од другите.

nekoi-od-najdobrite-nastapi-na-mtv-music-video-awards-01.jpg

Додека го чекаме 27-ми август за овогодишното доделување, погледнете некои од најдобрите настапи досега:

Мадона – Vogue (1990)

Дури и денес овој настап го гледаме воодушевени. Мадона ги остави сите без зборови и ја оправда наградата Video Vanguard што ја освои неколку години претходно.

Мајкл Џексон – Medley (1995)

Покрај кралицата, овде е и кралот на поп музиката. На доделувањето во 1995-та година, Џексон имаше 15-минутен настап во кој ги вметна неговите најголеми хитови.

https://youtu.be/JK-dbfR_wFM

Бритни Спирс – I’m A Slave 4 U (2001)

Се сеќавате ли кога Бритни прошета на сцената со голема жолта змија? Ова е можеби еден од најдобрите настапи на доделувањето на овие награди, а за него се зборува и 18 години подоцна.

https://youtu.be/PBlBaCigDAs

Бијонсе – Lemonade Medley (2006)

Во 2016-та година Бијонсе ги воодушеви сите со изведбата на нејзините хитови од албумот Lemonade. Од кршење екрани па се до одлични кореографии, Бијонсе не разочара никој.

/

Лејди Гага – Paparazzi (2009)

Првиот настап на Лејди Гага на MTV VMA веднаш се прогласи за еден од најдобрите. Изведбата на хитот Paparazzi ѝ донесе нов бран фанови на Гага.

https://youtu.be/Z2PJ46Uro5k

Ријана – Hits Medley (2016)

Настапот на Ријана во 2016-та година се одвиваше во неколку делови и таа изведе некои од најголемите хитови од нејзината кариера. Од прекрасните модни комбинации, до изборот на песни што им се допадна на сите, Рајана ги воодушеви сите.

Погледнете ги и другите настапи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонски и екс-ју песни кои направија 25 години во 2025-та и ќе ви разбудат носталгија (видео) Дали ви се верува дека „100% те љубам“ од ХХL е издадена во 2000-та година? А де...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Ненад Вржалски промовира две песни - емотивната балада „Душо моја“ и динамичната „Јас постојам“ Ненад Вржалски во краток период сними два спота за две свои песни - емотивната б...

Најчитани неделава