Ненад Вржалски промовира две песни - емотивната балада „Душо моја“ и динамичната „Јас постојам“

Ненад Вржалски во краток период сними два спота за две свои песни - емотивната балада „Душо моја“, која првпат ја испеа на хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска „Пееме за Кочани“, но и динамичната, весела и забавна „Јас постојам“, чиј автор е самиот тој.

nenad-vrzhalski-promovira-dve-pesni-emotivnata-balada-dusho-moja-i-dinamichnata-jas-postojam-01.jpg

„Душо Моја“ од Ненад Вржалски е песна односно проект создаден со многу љубов, емоции и искрена посветеност од луѓе кои вложија дел од себе во секој тон, кадар и збор. Оваа песна не е само музичко дело, туку приказна создадена за секого кој верува во силата на музиката.

Премиерната изведба на „Душо Моја“ се случи на хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска „Пееме за Кочани“. Прекрасено организирана вечер која покажа дека музиката има моќ да обединува, да лекува и да даде надеж тогаш кога е најпотребна.

Песната е создадена во соработка со Маријан Нечак, кој учествуваше во пишувањето на музиката и текстот, додека Ненад внесува лични емоции и дополнителни измени со цел песната да се вклопи со тогашата ситуација.

Аранжманот беше реализиран заедно со Зоран Стојановски, со желба „Душо Моја“ да добие современ, но истовремено и емотивен звук кој ќе допре до публиката уште од првиот момент. Огромен придонес во атмосферата на песната има и гитаристот Ангел Арсов, чиј звук внесе дополнителна топлина во композицијата.

За професионалниот звук и финалната верзија на песната се погрижи Јордан Манов во неговото Devil’s Eye Studio, кој работеше на микс и мастерингот, давајќи ѝ на песната моќен и квалитетен музички печат.

Видеото за „Душо Моја“ беше снимено од Матеј Милев, кој преку визуелната приказна успеа да долови една јасна пораката кон секој гледач додека видео монтажата е дело на Кристијан Георгиев (KG), кој со својата креативност и внимание кон деталите придонесе видеото да изгледа модерно и филмски

Кога се однесува за фотографиите тука секогаш позади објективот стои Александар Вржалски (Vržalski Photography) брат на Ненад, додека овој пат освен како фотограф се најде и позади микрофонот како придружен вокал заедно со Драгана Јорданова, кои внесоа дополнителна емоција и хармонија во песната.

Моделите Радмила Живковска, Екатерина Стефаноска, Миа Живковска и Анастасија Ѓорѓиевска беа дел од визуелната приказна.

nenad-vrzhalski-promovira-dve-pesni-emotivnata-balada-dusho-moja-i-dinamichnata-jas-postojam-02.jpg

За разлика од претходната емотивна и тажна балада „Душо Моја“, овој пат Ненад Вржалски пред публиката се појавува со сосема поинаква енергија преку новата авторска песна „Јас Постојам“ — позитивна, динамична и исполнета со љубовна емоција.

Песната носи модерен ритам, свежа атмосфера и порака која зборува за љубовта, надежта и чувството кога некој повторно ти ја враќа насмевката. Со препознатлив вокал и емотивна интерпретација, Ненад овојпат покажува поенергична и ведра страна од својата музичка приказна.

„Јас Постојам“ е авторско дело на Ненад Вржалски кој сам ги креираше текстот и музиката, а зад целиот проект стои тим од креативци и музичари кои помогнаа песната да добие модерен звук и визуелен идентитет.

Аранжманот е реализиран заедно со Зоран Стојановски, додека Ангел Арсов на гитара и Владимир Јовановски на виолина внесуваат дополнителна емоција во композицијата. За професионалниот звук и овој пат се погрижи Јордан Манов во неговото Devil’s Eye Studio каде е правен микс мастерингот.

Исто како и во претходната песна видеото за песната е во продукција на Матеј Милев, со видео монтажа на Кристијан Георгиев (KG), додека фотографиите се реализирани од Александар Вржалски (Vržalski Photography). 

Во спотот се појавува Лилјана Јовановска како модел која со својата прекрасна позитивна енергија остава личен белег на песната, а за стилот и костимографијата се погрижи Антица Ивановска.

Со „Јас Постојам“, Ненад Вржалски носи нова енергија во македонскста музика и уште една искрена приказна преточена во музика.

nenad-vrzhalski-promovira-dve-pesni-emotivnata-balada-dusho-moja-i-dinamichnata-jas-postojam-03.jpg

Погледнете ги двете видеа:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава