Најдобрите настапи на MTV Video Music Awards (видео)

Џенифер Лопез – Hits Medley (2018)

Штом Џенифер ќе застане на сцената, доброто шоу не изостанува. Пејачката изведе некои од нејзините најголеми хитови и уште еднаш докажа дека е една од најголемите ѕвезди во музичката индустрија.

Тејлор Свифт – You Belong With Me (2009)

Ова беше првиот настап на Тејлор на доделувањата, а истовремено ова е годината кога си ја заработи првата VMA награда.

https://youtu.be/-R3OrW_mXbM

Мадона, Бритни Спирс, Кристина Агилера, Миси Елиот – Like A Virgin, Hollywood, Work It (2003)

2003-та беше одлична година за музиката, а и зарем некој ќе го заборави бакнежот на Мадона и Бритни Спирс? Не само што изведијанекои од најголемите хитови за таа година, пејачките изгледаа одлично и завршија навистина добра работа.

https://youtu.be/IE3pJMk-9Bw

P!nk – Sober (2009)

На сите им се допаѓаат акробациите на P!nk. Со изведбата на баладата Sober пејачката ги остави сите без зборови додека висеше од таванот и танцуваше навистина тешка кореографија.

https://vimeo.com/220240859

Аријана Гранде, Ники Минаж и Џеси Џеј – Break Free, Anaconda, Bang Bang (2014)

Овие ѕвезди прв пат соработуваа на песната Bang Bang, а целиот момент е овековечена на настапот во 2014-та година. Прва започна Аријана, потоа Ники, и на крај им се придружи Џеси за трите да ја изведат заедничката песна.

Канје Вест – Runaway (2010)

Канје го затвори доделувањето во 2010-та, а за неговиот настап се зборува и денес. Изгледа дека овој период беше најкреативен за Канје.

https://youtu.be/8EqDPBGv12M

Аријана Гранде – God is a Woman (2018)

Покрај Аријана, на бината беа и нејзините мајка и баба, како и многу жени од нејзиното семејство. Прекрасните вокали заедно со кореографијата што ја имитираше тајната вечера го направија настапот фантастичен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонски и екс-ју песни кои направија 25 години во 2025-та и ќе ви разбудат носталгија (видео) Дали ви се верува дека „100% те љубам“ од ХХL е издадена во 2000-та година? А де...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Ненад Вржалски промовира две песни - емотивната балада „Душо моја“ и динамичната „Јас постојам“ Ненад Вржалски во краток период сними два спота за две свои песни - емотивната б...

Најчитани неделава