Кралот на македонскиот поп-рап - колкумина од нас посакуваат да се врати на сцената?

Носталгија, велат горко, но и слатко потсетување на минатото. Песни кои слушајки ги ни редат безброј слики во главата. Чудно е нели? Како може една песна да разбуди толку спомени?

kralot-na-makedonskiot-rap-kolkumina-od-nas-posakuvaat-da-se-vrati-na-scenata-01.jpg

Овој човек е најдобриот пример за тоа. Раде Врчаковски, за нас познат како Врчак. Лице кое создаде сосема нов правец на нашата естрада.

Неговите песни, текстови, сите од збор до збор запаметени, по којзнае кој пат преслушувани.

Емоција преточена во зборови кои душа параат или пак „брзи и бесни“ ритмови кои „нѐ возеа“ во ноќните часови. Обележје на нашата младост.

Kralot-na-makedonskiot-rap-kolkumina-od-nas-posakuvaat-da-se-vrati-na-scenata 02 630x340.jpg

На македонската естрада се појави на свои 19 години, со неговиот евергрин „И повторно сам“.

Со понатамошното нижење на нумери ги постави темелите на македонската поп-рап музика, за кои се вели дека никој досега не успеал да ги сруши. 

Важи за скопскиот „фраер“ кој непрекинато ги полнеше ноќните клубови ширум целата наша држава, заедно со неговите колеги: Тамара Тодевска, Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Адријан Гаџа, Роберт Билбилов, Андреј и Панчо и многу други. 

Исто така, неколкупати настапуваше на Макфест, а во 2008 година и на Евровизија во Белград. Извонреден текстописец и композитор.

Kralot-na-makedonskiot-rap-kolkumina-od-nas-posakuvaat-da-se-vrati-na-scenata 03 630x340.jpg

Иако Врчак повеќепати го најавуваше својот „камбек“ на естрадата, од него сѐ уште не сме слушнале некое ново музичко „парче“.

На неговиот Фејсбук профил и фан пејџ страници, направени од неговите обожаватели често може да се видат коментари од типот: „врати се царе, единствен си!“, „твоите песни се дел од нашите спомени, те чекаме назад“.

Toj е голем поборник за правата на животните, правилната исхрана и здравиот живот, а одамна се има деклалирано и како веган.

Едно е сигурно, неговите стихови се неповторливи, ден-денес слушани и ќе проникнуваат низ идните генерации уште долги години.

А пак ние, верните фанови, ќе останеме да чекаме. Да чекаме и да се надеваме дека кралот на македонската поп-рап музика повторно ќе ја освежи македонската естрада, со некоја своја музичка идила.

Во продолжение, ве потсетуваме на некои од неговите нумери кои со сигурност ќе ви навратат куп спомени:

„И повторно сам“ 

„Пред да заспијам“

„Манастирски сон“

„Ден по ден“ 

https://www.youtube.com/watch?v=Ddr_3bNAtJ4

„Сликите стари“

https://www.youtube.com/watch?v=mKum827AqTA

„Во твоето срце“

„Не сум таква“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Синот на Јоце Панов главен лик во спотот за „Ajmo na More“ Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичк...

Најчитани неделава