Потсетување на најголемите ретро хитови на некогашната тинејџeрска икона - Аврил Лавињ

Ви се верува ли дека поминаа цели 18 години од почетоците на тинејџерскиот музички „бран“ на Аврил Лавињ?

Proshetka-niz-najgolemite-retro-hitovi-na-nekogashnata-tinejdz-ikona-Avril-Lavigne 01 630x340.jpg

Веројатно повеќето од нас, особено генерациите на ’90-ите, се сеќаваат на оваа млада бунтовничка, која искористувајќи го својот музички талент непрекинато ги нижеше своите хитови.

Препознатлива по својата долга коса која, од која често бојадисуваше прамени во разни впечатливи нијанси, нејзиниот ексцентричен и автентичен стил на облекување и особено вратоврската, која беше нејзин заштитен знак.

Proshetka-niz-najgolemite-retro-hitovi-na-nekogashnata-tinejdz-ikona-Avril-Lavigne 02 630x370.jpg

Оние кои ја познавале уште од рани години, за неа велат дека била млада девојка со извонредна музичка визија, која за брзо време ја изреализирала и ја пласирала во јавноста.

Аврил Рамона Лавињ е родена на 27 септември, 1984 година во Белвил, Онтарио, но своето детство го поминала во Напани.

На 15-годишна возраст за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа Arista (сега RCA Records) вреден повеќе од 2 милиони долари.

Кога наполни 17 години, Лавињ навлезе во музичката сцена, со својот прв албум „Let Go“, издаден во 2002 година.

Proshetka-niz-najgolemite-retro-hitovi-na-nekogashnata-tinejdz-ikona-Avril-Lavigne 03 630x394.jpg

Аврил Лавињ, исто така е позната како одличен текстописец, актерка, моден дизајнер и филантроп.

Во врска со нејзиното музичко досие, таа позади себе има вкупно 6 студиски албуми.

Музичка кариера на оваа канадска пејачка подолго време беше во мирување, поради болеста со која таа се справуваше, односно инфекцијата лајмска борелиоза.

Иако нејзините „пет минути“ навистина беа во раните 2000-ти, а нејзиниот најголем успех беше првиот албум, „Let Go“, таа продолжува да нижи успеси со издавањето на нејзиниот последен албум, во 2019 година наречен „Head Above Water“.

Proshetka-niz-najgolemite-retro-hitovi-na-nekogashnata-tinejdz-ikona-Avril-Lavigne 04 630x370.jpg

Колкумина од вас ја обожаваа оваа панк-рок пејачка?!

Во продолжение ги издвојуваме најголемите ретро хитови на Аврил Лавињ кои ќе ве прошетаат низ лудите, млади години:

„Complicated“

„Sk8er Boi“

„My Happy Ending“

„I'm With You“

„What The Hell“

„Keep Holding On“

https://www.youtube.com/watch?v=J2u3i2ba_ME

Уште 5 хитови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...

Најчитани неделава