Од срцето на „ранетиот“ град – Велигденскиот концерт на Андреа Бочели од празната Миланска катедрала

Оваа година Велигден за првпат се слави од домовите, а Андреа Бочели одржа емотивен концерт во празната Миланска катедрала.

od-srceto-na-ranet-grad-veligdenskiot-koncert-na-andrea-bocheli-od-praznata-milanska-katedrala-01.jpg

Католичкиот Велигден верниците во Италија го прославија од домовите, заради карантинот и строгите правила за социјална дистанца, но градот Милано и Миланската катедрала им овозможија на сите ширум светот да уживаат во виртуелен велигденски концерт на Андреа Бочели.

Италијанскиот оперски пеач пееше во празната катедрала во Милано, а илјадници фанови ширум светот уживаа во виртуелниот концерт.

„Чест ми е да ја прифатам поканата на Градот и Миланската катедрала. Верувам во моќта на заедничкото молење, верувам во христијанскиот Велигден, универзален симбол на повторно раѓање, кој на секого, независно дали е верник или не, сега му е потребен.“ – изјави Бочели минатата недела.

Вечерва, верниците, но и сите останати, имаа можност да уживаат во моќната и емотивна изведба на Бочели од празната Миланска катедрала.

Погледнете го велигденскиот концерт „Музика за надеж“:

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Нова ера на Фрајле По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле вл...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...
Васил Гарванлиев преработи песна од „Битлси“ и доби поддршка од Пол Макартни и Ринго Стар: „Уште ми ... „Бочели го слушна дуетот и имаше многу пофални зборови. CNN направи најава каде ...
Џокси, Дац и Александар со нова верзија на „На Велигден сум се заљубил“ Со огромна почит кон музичкото наследство и во духот на претстојните празници, Џ...

Најчитани неделава