Кои се „Молчат дома“? – музичката интернет сензација која ја слушаат кул децата

Molchat Doma е бенд од Минск, Белорусија, формиран во 2017 година. Во моментот бендот брои 3 членови: Егор Шкутко (пејач), Роман Комогорцев (гитара, синтисајзер, ритам машина) и Павел Козлов (бас гитара, синтисајзер.)

Koi-se-Molcat-Doma-01.jpg

Нивниот звук бил под влијание на руската рок-музика од ’80-тите, најмногу од бендот Кино. Нивниот прв објавен албум којшто го издале самите без издавачка куќа зад нив С крыш наших домов (2017) и вториот Этажи (2018) со помош на независната германска дискографка куќа Детрити Рекордс постигнале неверојатен успех кај публиката.

Откако се здобиле со светска популарност, Молчат дома потпишале довогор со американската издавачка куќа Sacred Bones Records in 2020, која ги реиздаде нивните два албума во Северна Америка.

Koi-se-Molcat-Doma (2).jpg

Ги споредуваат со The Cure и Joy Division, а особено пејачот Егор чиј стил на сцената потсетува на пејачот Ијан Куртис од Joy Division. И самите Молчат дома се обожаватели на горе споменатите бендови како и на бендот Depeche Mode. Интересно е што групата нема тапанар, туку инкорпорираат ритам машина во својот уникатен звук.

Koi-se-Molcat-Doma (1).jpg

Слушнете неколку од нивните најголеми хитови:

https://www.youtube.com/watch?v=HR5zpFs7YpY

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Раскинаа диџеј Боно и Тами, па ја објавија заедничката песна „Бамба“ Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Б...
„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vr... По подолга пауза, Наташа Малинкова се враќа со нова песна и впечатлив видео запи...
Колку љубов заслужува љубовта? Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео за... Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот ду...
Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти... Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на...

Најчитани неделава