Која е мистериозната Били Џин – жената заради која Мајкл Џексон стана крал на поп музиката?

Били Џин е вториот сингл од албумот Thriler, кој излезе во 1983-та година. Текстот е напишан од Мајкл, а песната стана вистински хит за многу кратко време на американскиот пазар, но, и во целиот свет.

koja-e-misterioznata-bili-jean-zenata-zaradi-koja-michael-jackson-stana-kral-na-pop-muzikata-01.jpg

9 седмици се задржала на првото место на Билборд топ 100 листата. Продадена е во повеќе од 10 милиони примероци и е најпродаван соло сингл на Мајкл Џексон. Освои две Греми награди и две награди на Американските музички награди.

Магазинот Rolling Stone ја смести на 58-мото место на листата од 500 најдобри песни на сите времиња.

Продуцентот Квинси Џоунс, бил против издавање на овој сингл. Тој го советувал Мајкл да не ја става на албумот затоа што сметал дека не е доволно моќна како Thriller и Beat it.

Кога сфатил дека Мајкл нема да отстапи од својата желба, му сугерирал да го промени насловот во Not my lover, затоа што се плашел дека луѓето ќе мислат дека стиховите се наменети за тенисерката Били Џин Кинг.

Песната нема никаква врска со неа. Ниту е поврзана со една посебна девојка.

Била инспирирана и создадена како спој од различни обожавателки кои им испраќале писма на Мајкл и неговите постари браќа во кои се колнеле дека се бремени од нив.

Ова трауматично искуство е претворено во моќна композиција која комбинира ритам и блуз ритмови, фанк и денс-поп.

Музичките експерти тврдат дека токму оваа песна го претворила Џексон во крал на поп музиката. На неговиот настап на NBC додека ја изведувал, за прв пат го прикажал moonwalk движењето кое потоa станува негов заштитен знак.

Настапот без грешка може да го погледнете на видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=Bmt_es3r-YM&feature=emb_title

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Гостиварскиот бенд Soundcheck ја промовира третата песна Soundcheck, поп-рок бенд од Гостивар ја објави својата трета песна, насловена „С...
Тони Зен ја објави „Ел Падрино“ – песна со која ќе се обиде да ја врати почитта помеѓу новите и стар... Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најм...
По 10 месеци пауза, Лара се враќа со „Нека гори“ Скопје, 17.07.2023 – Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка п...
Во чест на Тоше – Кавер верзија на „Усни на усни“ на Стефан Спироски Тоше Проески човекот со богато срце, човекот кој поседуваше огромен талент. Тој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg