Мадона танцувала со скршени ребра во спотот за Hung Up – Забавни факти за култните музички спотови од минатото

Hung Up – Мадона

Додека го снимала спотот за Hung Up, во кој има многу танцување, Мадона всушност била во страшни болки.

Неколку недели пред да почнат со снимањето, пејачката паднала од коњ и си скршила неколку ребра. Пејачката сподели дека лекарствата и волјата ѝ помогнале да го заврши снимањето.

Oops!… I Did It Again – Бритни Спирс

За време на снимањето на Oops I Did It Again, на Бритни Спирс ѝ паднал реквизит врз главата поради што си добила и четири конци. Само 3-4 часа подоцна, Бритни се вратила во студио и завршила со снимањето на спотот.

Sorry – Џастин Бибер

Сите девојки од спотот за Sorry на Џастин Бибер си ставиле од истиот кармин. Да нагласиме, не само истата боја, туку буквално истиот кармин. Подоцна една од нив изјави:

„Снимавме видео за Џастин Бибер. Бевме загрижени за танцувањето, не за разнесувањето бактерии“.

Single Ladies – Бијонсе

Спотот за Single Ladies на Бијонсе остана запомнет по забавната кореографија, а на пејачката не ѝ било воопшто лесно да ја научи. Наводно, на Бијонсе ѝ требале повеќе од месец и половина за да ги усоврши движењата.

We Belong Together – Мараја Кери

Мараја Кери носи нејзина венчаница во спотот за We Belong Together.

Пејачката ја носи венчаницата од венчавката со бившиот Томи Мотола, со кого беше во брак од 1993 до 1998 година. Спотот за песната е снимен околу 12 години подоцна.

I’m Real – Џенифер Лопез

Легендарните розови тренерки на Џеј Ло во спотот за I’m Real биле избрани сосема случајно. Стилистите ѝ донеле на пејачката неколку парчиња од познати дизајнери, но неа најмногу внимание ѝ привлекле спортските модели од тогаш малку познатиот бренд Juicy. Тие ѝ ги испратиле спортските парчиња на Џеј Ло за кога ќе одмора од снимање, но нејзе најмногу ѝ се допаднале нивните розови тренерки за спотот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
„Его“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi „Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Му...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Објавена последната песна на Тоше Проески: „Кажу да време лечи све“ „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg