Слушнете ја првата песна на новата ѕвезда Тамара Волческа – „Do You Remember“

Вчеравечер, на 20.02.2022, во 20ч. на Јутјуб каналот на 24-годишната пејачка беше прикажана премиерата на песната зад која како автори се потпишуваат Весна Малинова како продуцент, додека аранжманот е на Јордан Манов.

slushnete-go-prvencheto-na-novata-dzvezda-tamara-volcheska-do-you-remember-01.jpgФото: Александар Нешкоски

„Текстот беше напишан во убав период од мојот живот, едноставна емоција создадена за други времиња и после краток период го прифатив и како дело и чувства кои ги доживував. Кога ќе направам времеплов, денес ја доживувам многу поразлично и токму во тоа се крие пораката преку спотот што го направивме“, вели Волческа, која е автор на текстот на песната.

За спотот е заслужен Александар Нешкоски, во кој, како танчерка се појавува сестрата на Тамара - Теодора Волческа.

„Снимањето на спотот... Тоа е вистински ден за прераскажување. Јануари, без греење, се тресеа вилици и колена, секој со своите улоги трча наваму-натаму, желби за перфекција, смеење, one shot сцена со боја на која мислам дека сите бевме со возбудени милиони сетила и концентрација, за на крај да ги избојам со гушкање. Беше лудо, ќе го паметам цел живот“, раскажува Тамара за авантурите што ги доживеале за време на снимањето на спотот во Културниот дом во Гостивар.

Слушнете го првенчето на Тамара Волческа:

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава