Македонецот Матеј Џајковски, кој соработува со Џон Леџенд, направи своја песна и за хит-серијата „Inventing Anna“

Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, кој долги години работи во САД, продуцираше еден од саундтраците за серијата што го освои светот Inventing Anna.

makedonecot-matej-djajkovski-sorabotuva-so-djon-ledjend-a-napravi-svoja-pesna-i-za-hit-serijata-inventing-anna-01.jpg

Македонецот Матеј Џајковски подолго време живее и работи во Лос Анџелес (САД). Тој е музички продуцент кој досега соработувал со поголем број звучни имиња на светската музичка сцена.

John Legend, Matt Sorrum (Guns n Roses), THEY., James Fauntelroy, Brian Kennedy, The Striking Matches, Dallas Davidson, The Shadowboxers, Quinn Lewis, Dewain Whitmore Jr, Ace Harper се само дел од нив.

Доколку веќе ја гледате серијата, особено внимание обрнете на 3-тата епизода, затоа што во 45-та минута ќе имате можност да го проследите саундтракот продуциран од нашиот Матеј Џајковски.

Матеј ја продуцираше песната About That Time во изведба на r’n’b групата THEY. , која е дел од саундтракот на мега-популарната серија Inventing Anna на Netflix.

Серијата Inventing Anna се базира на вистинска приказна, го освои светот и достигна место #1 на Netflix во САД, Германија, Франција и останати земји во светот по само една недела од нејзината премиера на 11 февруари оваа година.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Матеј:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава