Норвежаните го кријат идентитетот, Летонците имаат вулгарна песна - Најнеобичните претставници на Евровизија 2022

Летонската песна е за „зелениот начин на живеење“, а уште во првиот стих има вулгарности што се цензурирани. Норвежаните пак не го знаат идентитетот на нивните претставници бидејќи си го кријат ликот - несекојдневни претставници на Евровизија 2022. 

evrovizija-2022-norveshkite-pretstavnici-go-krijat-identitetot-a-letoncite-kje-pejat-za-zelenata-salata-01.jpg

Минатата недела Србија ја избра Ана Ѓуриќ - Констракта за претставник на Евровизија 2022, но сигурно тоа нема да е најчудниот настап на земјите годинава, иако предизвика бура реакции. 

Според многумина песната на Констракта е нешто сосема ново и несекојдневно, а мислењата се поделени: едни ја обожаваат, а други сметаат дека Србија можеше да избере и подобар претставник.

evrovizija-2022-norveshkite-pretstavnici-go-krijat-identitetot-a-letoncite-so-vulgarnosti-02.jpg

Многумина коментираа за изборот на песната во Србија, со која Констракта сака да ја поткрене свеста за здравственото осигурување на уметниците, а од нејзината победа беше изненадена и самата таа.

Сепак, ако се погледне меѓу другите земји што веќе ги избраа своите претставници може да се забележат и понесекојдневни претставници и песни.

Така, Летонците годинава на Евровизија 2022 ќе се појават со песна со која сакаат да укажат за тоа колку е важно да се зачува животната средина.

Летонската група Citi Zēni ќе настапи со песната Eat your Salad (Изеди ја салатата).

evrovizija-2022-norveshkite-pretstavnici-go-krijat-identitetot-a-letoncite-so-vulgarnosti-03.jpg

Нивната песна го слави вегетеријанскиот начин на исхрана и еколошкиот начин на живот, а уште во првиот стих песната започнува со вулгарности, што секако беа цензурирани за време на нивниот настап во Летонија.

Норвежаните пак, се впечатливи по стајлингот со жолтите маски. Норвешкото поп-дуо Subwoolfer почнало да креира музика минатата година, а публиката за првпат имала можност да ги запознае преку изборот за песна на Евровизија, Melodi Grand Prix 2022.

evrovizija-2022-norveshkite-pretstavnici-go-krijat-identitetot-a-letoncite-so-vulgarnosti-04.jpg

Засега нивниот идентитет во целост е непознат, а самите себеси се нарекуваат Кит и Џим.

Тие годинава ќе настапат со песната Give that Wolf a Banana, а не сакаат да одговараат на прашањата поврзани со нивниот идентитет.

Велат дека дуото Subwoolfer е старо 4,5 милијарди години и дека живеат на Месечината.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
„Наше време“ – Харизма Бенд со нова песна „Наше време“ е името на новата песна на Харизма Бенд, за која е снимен и видеосп...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
„За Нас“ – музичко првенче на Ања Мицевска Запознајте ја Ања. Иако има само 13 години, младата Ања многу зрело и професиона...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg