Вирален хит: 5-годишно момче од Италија е музички гениј на клавир (видео)

Алберто од Италија има само пет години и не може ни да ги стигне педалите на клавирот, но свири некои од најтешките композиции како врвен експерт.

5-godishno-momche-od-italija-e-muzichki-genij-sviri-poznati-kompozicii-na-klavir-kako-vrven-ekspert-video-01.jpg

Во светот постојат многу талентирани музичари и иако повеќето учат да свират некој инструмент од рана возраст, нивните вештини доаѓаат до израз кога се поголеми бидејќи потребно е време за да се усовршат.

Но, некои луѓе имаат неверојатен талент за музика, па свират како врвни експерти уште пред да тргнат на училиште.

Токму ваков талент има 5-годишниот Алберто од Италија кој свири на клавир.

Малиот Алберто го привлече вниманието на јавноста на музички натпревар минатиот месец. Видеото на кое свири дело на Моцарт стана вирално и веќе има над 5 милиони прегледи на Твитер.

Алберто е толку мал што не може да ги достигне ни педалите на пијаното, но неговата изведба на моцартовата соната е беспрекорна.

Малиот Алберто потекнува од семејство музичари – неговиот татко е професор по музичко, додека мајка му е инструктор по пеење.

5-godishno-momche-od-italija-e-muzichki-genij-sviri-poznati-kompozicii-na-klavir-kako-vrven-ekspert-video-03.jpg

Алберто првпат допрел клавир на 3-годишна возраст, а неговите родители веднаш го забележале неверојатниот талент.

Интересно е што кога почнал да учи да свири, Алберто не знаел да чита ноти, но без проблем свирел познати ремек дела само по слух.

„Почна да свири во првите месеци од пандемијата. Бидејќи постојано бевме дома, му дадов мал синтисајзер за да го стимулирам. Тогаш сфатив дека Алберто има талент, а сопругот забележа дека има и беспрекорен слух“, вели неговата мајка.

5-godishno-momche-od-italija-e-muzichki-genij-sviri-poznati-kompozicii-na-klavir-kako-vrven-ekspert-video-02.jpg

Алберто уште учи да чита ноти и допрва ќе ја усовршува оваа вештина, но мајка му вели дека благодарение на неговиот слух, ова не претставува никаква пречка.

Дел од изведбите на малиот генијалец:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12-годишната Дарија од Србија е чудо од дете - издоминира во „Пинкови ѕвезди“, Карлеуша воодушевена ... „Кукла... Браво!“, „Шоу“ се дел од коментарите на жирито за девојчето што го воо...
Димитар Васлиевски го претставува своето прво музичко дело – „Твоето име“ Младиот талент, охриѓанецот Димитар Васлиевски го најавува своето прво официјалн...
Миа Костова оценува „кандидатки“ за идна снаа и превртува очи - „Син на мајка“ на Јанг Дади ќе биде ... Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата не делува среќна што мора...
Џокер има нова песна: „Ме одбија на Макфест, но по секоја цена сакав да ја издадам“ „Интересно за песнава е што првично имаше намена - беше спремана за на Макфест, ...
Имаше концерти во скоро секоја земја, ја депортираа од Иран: Факти за Џос Стоун – соул легендата што... Од 2014 до 2019 година, Џос Стоун буквално направи светска турнеја и настапуваше...
Запознајте ја Санела, новата музичка надеж која дебитираше на „Макфест“ со „Цунами“   Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше ...

Најчитани неделава