Утревечер, на 16 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга ќе настапи македонскиот инструментален состав „Chromatic Point“. Оваа музичка група свири инструментален етно прогресив метал. Членовите на бендот Душко Ичев на клавијатури, Ален Спасевски на бас гитара, Христијан Ристески, гитари и Филип Јездиќ на тапани ветуваат неколкучасовно енергично дружење. Како предгрупа ќе настапи прогресив рок групата „Yuigi“ од Софија...
Во четврток, на 17 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26 настапува гитаристот Душан Јевтовиќ, заедно со миленикот на скопската публика Васил Хаџиманов на клавијатури и Богдан Џурџевиќ на тапани. Концертот на ова џез трио е во организација на 3Гонга и е Градска сесија број 21...
Денеска се одржа конференција за печат по повод престојните два концерти на Дуке Бојаџиев со наслов „Сон Верба Љубов“, кои ќе се одржат утревечер на 11 мај со почеток во 19.30 часот и во сабота на 12 мај во истиот термин во новиот објект на Македонската филхармонија...
Култниот музичар, композитор и продуцент Боб Џејмс пристигна во Скопје, каде вечерва со почеток во 19.30 часот ќе настапи во Македонската филхармонија заедно со Michael Palazzolo на бас и Patrick Williams на тапани.
Во рамките на двата престојни концертни настапи на Дуке Бојаџиев со наслов „Сон, верба, љубов“ на 11ти и 12ти мај во Македонската филхармонија, авторот покрај веќе најавената програма подготвува и неколку пријатни доживувања за публиката...
Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, концертна промоција на најновиот албум ќе има бендот „Кабадајас“. Албумот со наслов „Од понеделник“ го издаде концертната агенција и продукција „3Гонга“. Групата „Кабадајас“ ја сочинуваат тројца музичари Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски на бас гитара и Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии. Гости на албумот се Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска – вокали и Павле Васиљевиќ – клавијатури и програмирање...
Неговата вонвременска музика, неговите над 50 издадени албуми продадени во милионски тиражи и фактот дека многу негови познати нумери имаат извршено длабоко влијание врз хип хоп музиката, особено онаа од 80те и 90те години, така што многу семплови од негови препознатливи нумери ги имаат превземено култните Run – D.M.C., Eric B. & Rakim, LL Cool J, DJ Jazzy Jeff, Beastie Boys... го дефинираат Боб Џејмс како „татко“ на смут џезот на модерното време.
Млади сте? Имате идеја за отворање свој бизнис преку креирање ново иновативно решение? Се грижите за општеството? Да? Тогаш аплицирајте ја вашата идеја заклучно со 8 мај 2018 година, вторник (на полноќ) за Наградата за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk...
Во пријателска атмосфера се одржа конференцијата за печат по повод новиот албум на музичкиот бенд „Кабадајас“ (Kabadayas) со наслов „Од понеделник“ на која покрај новинари присуствуваа и многу музичари, пријатели на членовите од групата. Албумот го издаде концертната агенција и продукција 3Гонга, а концертна промоција на албумот е закажана за 2 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26...
Ланецот продавници за спортска опрема – Sport M и City Box – утре на 21 април ја отвораат најголемата спортска продавница во Македонија. 1200 квадратни метри со супер кул брендови како Адидас, Најк, Пума, Рибок, 4Ф и многу други...
На 11-ти мај во 9:30 наутро на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи-“Pitch Please", проект за млади амбициозни луѓе преку кој добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој. Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет. Целта на настанот е да се создаде место каде ќе настане синергија помеѓу очекувањата на студентите и барањата на работодавците...
Со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, утревечер, во организација на 3Гонга концерт ќе одржи македонската група „Темпера“. Во овој скопски бенд кој создава енергична музика и одлично функционира во живо членуваат музичари, кои зад себе имаат сериозен професионален багаж како Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас...
Претсавата „ЈАМИ ДИСТРИКТ“, во режија на Кокан Младеновиќ е добитник на ГРАНД ПРИ наградата за најдбора претстава во целина на 11. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“. Жири комисијата во состав: Нина Николиќ, режисер и претстедател на жири комисијата, заедно со членовите на жири комисијата Дарја Ризова, актерка и Драгана Лукан Николовски, драматург, во образложението за наградата велат:
Со кореодрамата „ЛА ЛА ЛА“, авторски независен проект на Саша Евтимова, ќе биде означен крајот на 11-то издание на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“...
На 18 април, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга настапува македонската група „Темпера“. Во овој скопски бенд членови се музичките ветерани Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас. На концертот ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“, премиерно ќе ја изведат во живо нивната нова песна „Не застанувај“ за која неодамна направија и видео запис како и песни од нивниот нов албум кој е во подготовка...
По пауза од две години, еден од најистакантите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, повторно ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти во Скопје на 11 и 12 мај во новиот објект на Македонската филхармонија. Коцертниот настап ќе биде реализиран во соработка со Министерството за Култура и „3Гонга”. Во рамките на целовечерниот концерт со наслов „СОН ВЕРБА ЉУБОВ“, Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание Сон-Верба-Љубов, како и дел од неговото поново филмско творештво...
Во име на театарските работници и почитувачи на фестивалот, утре вечер во ДОМ НА АРМ, пред почетокот на првата од седумтте претстави на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, фестивалот ќе го отвори актерот Висар Вишка...
Со почеток во 21 часот, вечерва, во МКЦ ресторанот, во организација на 3Гонга ќе настапи Јаси Хофер, 25 годишната виртуозна гитаристка од Германија, која ќе го промовира својот нов албум "Faith". Настапот во Скопје е дел од нејзината голема европска турнеја...