Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа дека уметноста на поврзува и спојува. Така, на 12 август во Сараево, премиерно беше прикажан првиот аматерски вертикален филм во чие создавање учествуваше публиката од целиот регион. СИТЕ НИЕ СМЕ ОД ИСТИОТ ФИЛМ – е името и пораката на овој краток филм, кој за сега е единственото остварување во светот на кинематографијата. Создаден е со спојување на кадри што ги снимија со сопствените мобилни телефони сите оние коишто сакаа да бидат дел од оваа специјална уметничка приказна од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина...
Повторно е време за Garage sale во Ramstore Mall со попусти кои не смее да се пропуштат. Во Ramstore Mall традиционално, по деветти пат прават чистка, вадат сè надвор!
Уште едно музичко лето во најава, случување со разновидни содржини, а во фокусот на вниманието – концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под водство на маестро Џијан Емин со кумот на техно музиката Хуан Аткинс. 2ри Август, Антички Театар е местото на кое задолжително мора да бидат сите љубители на добриот звук, а таму не очекува Џијан Емин, оркестарот на Македонска Филхармонија и Juan Atkins...
Од зајдисонце до изгрејсонце, под отворено небо и сезоната на летните забави е отворена. Разновиден фестивалски пејзаж на денешницата значи дека има забава за апсолутно сечиј вкус, почнувајќи од неколку дневни фестивали со кампување, до фестивали во центарот на градот, од фестивали со високо темпо до фестивали со малку позабавено темпо, од електро музика, до класична и се што е помеѓу...
Во недела на 15.07.2018г., во Антички театар “Хераклеа”, ни гостува еден од најмаркантните машки вокали, неповторливиот и единствен Масимо Савиќ. Се чини, нема подобро место на кое тој ќе биде како свој на своето, музичарот...
Прославувањето на 4-ти јули - Денот на независноста на САД, уште една година по ред беше спектакл за паметење, организиран во дворот на Амбасадата на САД во Скопје...
Повеќе од 350 присутни на седмиот настан од акцијата Feed Your Brain во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица ги слушнаа успешните приказни и мотивирачки пораки на гостите говорници: Зоран Витанов, Игор Трајковски и Влатко Лозаноски...
За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот When in Krusevo, од 30 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено...
Традиционално и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржува викендов од 22 до 24 јуни. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со попуст до -70% во повеќе од 120 локали...
Од денеска до недела на седум локации во Скопје ќе се случува Skopje Street Music Festival. Со 25 настапи на солисти, групи и ансамбли ќе се слави звукот на квалитетната музика, изведена во живо, на отворен простор. Kabadayas, Why not, женскиот хор Св. Злата Мегленска, Антоние Весковски, Елена Чадиковска, Bossa Un Der Cover, Пеперминт и други ќе изведуваат авторска музика, но и преработки на познати песни...
Регионални експерти и македонски бизнисмени ќе споделуваат искуства за пренос на сопственоста на семејните бизниси од една на друга генерација
Денес, со почеток во 20:00 часот во изложбениот простор на Концепт 37 ќе биде отворена изложбата под наслов “All that we perceive” на американскиот уметник Кервин Вилијамсон...
Акцијата Feed Your Brain доаѓа во Струмица! По одржани шест настани на шест различни локации низ Македонија, акцијата Feed Your Brain доаѓа во Домот на Културата Антон Панов, во Струмица на 7-ми јуни...
Премиера на танцовата претстава на Битрикс Културно - уметнички центар...
Најпознатите HR менаџери од мултинационални компании ќе зборуваат за хуманата страна на професијата и како да се подигне почитта кон вработените на повисоко ниво...
Седум престижни професионални и експерти од полето на човечките ресурси на 31 мај, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе дебатираат на темата “From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) на десеттата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси.
На 19 јуни во организација на Clear View бизнис тренинг центар ќе се оддржи четвртата по ред конференција - „Најголемиот предизвик на семејниот бизнис“...
Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга, скопјани ќе можат да уживаат во концертиот настап на српските џез виртуози гитаристот Душан Јевтовиќ, заедно со миленикот на нашата публика Васил Хаџиманов на клавијатури и Богдан Џурџевиќ на тапани...