Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината?
Астронаутите имаат по три оброци – појадок, ручек и вечера, а за секој има по два пијалаци дневно.
Нормално, имаат и вода – нивниот резервоар има околу 240 литри, што е сосема доволно а 10-дневната мисија.
Тие ја користат водата и за да ги „хидрираат“ дехидрираните оброци.
Орион нема систем за рециклирање на водата како на Меѓународната вселенска станица бидејќи патувањето е кратко.
Оброци на меѓународната вселенска станица
Како вежбаат во капсулата?
Поради микрогравитацијата, мускулите и коските на астронаутите може да ослабнат. Поради ова, важно е да останат активни додека трае мисијата.
Нормално, голем дел од справите што ги користиме на Земјата го немаат истиот ефект во микрогравитација.
Па, во капсулата има справа позната како flywheel со која можат да се прават аеробни вежби и вежби со отпор.
Како одржуваат хигиена?
Очигледно, астронаутите нема каде да се тушираат, а не можат ни да перат облека.
Па, тие користат продукти како влажни марамчиња и шампони за суво миење. Можат да користат и крпа на која стават малку вода и течен сапун.
Секој астронаут има своја четка и паста за заби, како и прибор за бричење.
Генерално, одржуваат хигиена исто како на Меѓународната вселенска станица. Но, во овој случај добро е што нема да мора да сечат нокти или да се потстрижуваат – нешто што може да биде вистински предизвик во вселенско летало.
Внатрешноста на Орион
Каде одат во тоалет?
На Орион има „универзален систем за справување со отпад“ или, со други зборови, вселенски тоалет дизајниран од НАСА.
Тоалетот е сместен во мал простор со врата која нуди приватност. Системот користи вакуум и потоа го исфрла изметот во вселената, за разлика од Меѓународната вселенска станица каде што се рециклира.
Каде спијат?
Освен на првиот ден кога спиеја четири часа, во текот на мисијата астронаутите ќе спијат по осум часа.
Тие ќе спијат во исто време, во вреќи за спиење кои се закачени на ѕидот на капсулата.
Вреќите за спиење во капсулата
Дали имаат можност за разонода?
За психичката состојба на астронаутите, важно е да имаат и време за релаксација.
Секако, можностите им се ограничени, но имаат таблети и лаптопи на кои има филмови, серии, видеоигри и музика.
Но, веројатно најголем дел од слободното време ќе уживаат во глетката бидејќи ова е нешто што го имаат видено само 24 луѓе во живо.
Спирова С. | Црнобело
