Откриено е местото на кое што се создава љубовта

otkrieno-e-mestoto-na-koe-sto-se-sozdava-ljubovta

Научниците откриле дека љубовта е во истотот подрачје на мозокот во кое се создава зависност од дрога и дека е поврзана со делот во кој започпнува сексуалната желба, иако тие области се квалификувани како одвоени.

Научниците од Универзитетот Конкордија во Канада, Сиракуза и Западна Вирџинија од САД и Универзитетската болница во Женева ја откриле локацијата во мозокот од која потекнува чувството кога некој е заљубен.

Тие откриле дека љубовта  е во истото подрачје во мозокот во кое се создава и зависност од дрога, и дека е поврзано со делот во кој започнува сексуалната желба иако тие области се квалификувани како одвоени.

Претходните студии на мозокот покажале дека човековите емоции потекнуваат од регионот кој што ги контролира емоциите, однесувањето, вниманието, расположението, помнењето, задоволството и зависноста.

До сега, меѓутоа, било многу тешко да се лоцира точнотото место на љубовта, бидејќи таа, како што велат стручњаците, за разлика од другите емоции како што се бесот или задоволството, е многу посложена и поапстрактна и изгледа вклучува многу области во мозокот.

Научниците откриле дека љубовта и сексуалната желба активираат различни делови од мозокот, кои може да бидат активирани и од други извори на задоволства, како што е храната. Меѓутоа, за разлика од задоволството или сексуалната желба, за да се зактивира љубовта мора да постои нешто што има „посебна вредност“.

Авторите на студијата заклучиле дека, додека задоволството е попрецизно, љубовта е повеќе апстрактна и комплексна, па затоа помалку зависи од присуството на друга личност.

Би можело да ве интересира:

Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...

Најчитани неделава