Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвикал кај нас)?
Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално влијание. Во некои делови предизвикува екстремно високи температури и суша кои се причина за пожари, а во други - носи обилни дождови кои создаваат поплави. Какво влијание би имал овој феномен во Македонија?

Минатото лето, но и годинава, сигурно често го среќавате терминот „Ел Нињо“, обично придружен со предупредувања за многу високи температури, па и зачестени природни катастрофи.
Ел Нињо е всушност глобален климатски феномен кој се случува на секои две до седум години, а е карактеризиран со зголемување на температурата на површината на делови од Тихиот Океан.
Феноменот има влијание на глобално ниво и обично носи натпросечно високи температури и промени во типичните временски услови.
Истовремено, постои и спротивен феномен, познат како Ла Ниња, кој се карактеризира со пониски температури на површината на делови од Тихиот Океан.
Кога временските услови над Тихиот Океан се нормални, таканаречените пасатни ветрови кои дуваат покрај екваторот се движат кон запад.

Со ова создаваат површински океански струи и ја носат топлата вода од океанот од Јужна Америка кон Азија.
Поради ова, пак, од длабочината на океанот кај Јужна Америка почнува да се издигнува студената вода која ја заменува топлата.
Ел Нињо и Ла Ниња се феномени кои го нарушуваат овој вообичаен процес. Обично траат од девет до 12 месеци, а како што веќе спомнавме, се појавуваат на секои две до седум години.
Сепак, феномените не следат некој распоред, а експертите имаат воочено дека Ел Нињо се случува почесто од Ел Ниња.
За оваа година, пак, експертите предупредуваат дека е можна појава на таканаречен „супер Ел Нињо“ – многу посилен феномен чие влијание ќе биде многу поизразено.

Што точно се случува за време овие феномени и како влијаат врз планетата?
Ел Нињо
За време на феноменот Ел Нињо, пасатните ветрови што ги спомнавме погоре се послаби.
Поради ова, топлата вода од Тихиот Океан се враќа назад, на исток, покрај брегот на Америка.
Кога се случува оваа промена, северните и западните делови од САД и Канада се сочуваат со посуво и потопло време од вообичаено.
Но, од друга страна, југоисточниот дел на САД, како и Мексиканскиот Залив, во овој период имаат повлажно време, а со тоа и многу поплави.
Во делови од Азија, пак, може да се појави суша поради намалениот број на врнежи.
Супер Ел Нињо не е научно прифатен термин и главно се користи во медиумите.
Се користи за опишување на посилна верзија на Ел Нињо, каде што температурата на површината на океанот се зголемува за неколку степени Целзиусови.

Ла Ниња
Веќе спомнавме дека Ла Ниња е спротивност на Ел Нињо, па во овој случај, пасатните ветрови кои дуваат од исток кон запад се посилни.
Поради ова, носат повеќе топла вода од океанот кон Азија.
За време на Ла Ниња, јужните делови на САД се соочуваат со суша.
Од друга страна, делови од Северна Америка, како и Канада имаат обилни врнежи и поплави.
Кога феноменот Ла Ниња е активен, зимите се потопли во јужниот дел на Америка, а се постудени во северниот.
Истовремено, Ла Ниња може да предизвика и посилни урагани.