Холанѓаните ќе се селат на Марс?

holangjanite-ke-se-selat-na-mars

Холандската компанија Mars One која има за цел луѓето да ги прати на Марс до 2023 година и да направи тајна колонија на „Црвената планета“, ги добила првите средства за проектот од своите спонзори.

Помеѓу 2016 и 2020 година Mars One би требало да прати неколку роботски мисии кои би требало да изградат станица во која би живееле првите колонизатори на „Црвената планета“.

Првите четири астронаути ќе стапнат во нив во 2023 година, а нови ќе доаѓаат секои две години. Нема планови за нивно враќање на земјата, пренесува порталот Mashable.

Компанијата самостојно се финансирала изминативе 18 месеци, но сега и е потребна поддршка.

- Mars One не е само голем проект, туку и суштината на човечкиот копнеж кон истражување на непознатото. Ние ја имаме привилегијата да поддржиме ваков неверојатен проект – рекол Ден Петровиќ, генералниот директор на "Dejan SEO" со седиште во Австралија која се занимава со оптимизирање на интернет пребарувачите.

Претставниците на компанијата велат дека имале преговори со повеќе приватни фирми кои што работат на летувања во вселената и осигуреле барем еден соработник за секој дел од мисијата за колонизирање на Марс.

Сè е тоа едно големо шоу

Компанијата смета дека ќе собере средства за амбициозна мисија со помош на реалити програмите на ТВ во кои ќе биде следен животот на одреден број астронаути од првата година живот на Марс.

Целиот проект Mars One ќе чини околу шест милиони долари, а компанијата се надева дека шоуто во стилот на „Големиот брат“ ќе и овозможи да го отплати поголемиот дел од трошоците.

Телевизискиот програм би требало да почне во 2012 година кога ќе почне селекцијата на кандидатите за тимот на астронаути.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава