Нема да чувствувате потреба за тоалет - 6 промени што ќе ви се случат во вселената

Споредбата Земја vs. Вселена и како изгледаат работите таму горе комплетно ќе ве изненади.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-01.jpg

Вселената му станува сè подостапна за човекот. Од ракети до вселенски бродови, сè поголем е бројот на луѓе кои ја посетуваат, а за неколку децении од сега можеби и вие ќе патувате во орбитата.

Но, дали знаете дека некои работи изгледаат сосема поинаку во вселената?

Пламенот се претвора во топка

Бидејќи е во бестежинска состојба пламенот не е истегнат нагоре, туку кружен. Таму нема тешки гасови, па за кусо време се гаси.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-02.jpg

Можете да спиете само прицврстени

Во вселенските станици има специјални кабини во кои се спие во вертикално поставени вреќи за спиење, прицврстени со ремени. Спроти нив има лап топ за да изгледате некое видео ако ве мачи инсомнија.

Перници и душеци не се потребни таму поради тоа што нема гравитација.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-04.jpg

Не треба да пиете газирани пијалаци

На земјата течностите се стационираат на дното од вашиот стомак, а гасовите одат нагоре, кога подригнувате.

Но, во бестежинска состојба, нагоре одат не само гасовите, туку и течноста, па може да направите хаос околу себе. Затоа космонаутите не пијат газирани пијалаци.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-05.jpg

Константно се потите

Со 0 гравитација природниот процес на разладување на телото е прекинат, па вашето тело постојано се поти во обид да се разлади. Плус, во вселената потта не може да се исуши од кожата и да исчезне, па се акумулира на површината на телото.

Затоа за време на физички активности, космонаутите постојано се бришат со пешкир.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-06.jpg

Не знаете кога ви се оди во тоалет

Поради тоа што нема гравитација, космонаутите не чувствуваат притисок дека нивниот мочен меур е полн, па затоа задолжително одат во тоалет на секои 2 часа, без разлика што не чувствуваат потреба.

Кога носат вселенски костими, тие мора да стават пелени.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-07.jpg

Користат повеќе зачини во храната, но не користат парфеми

Во вселената моќноста на сетилата се менува. Космонаутите почнуваат да не го чувствуваат вкусот на храната и имаат потреба од повеќе зачини во неа.

Додека со мирисите е спротивно, тие ги чувствуваат многу повеќе отколку на земјата. Па, така нечиј парфем може да им предизвика главоболка, затоа не користат парфеми.

nema-da-chivstvuvate-potreba-za-toalet-7-promeni-shto-kje-vi-se-sluchat-vo-vselenata-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg