„Аполо 11“ никогаш не слета на Месечината, рамната Земја е факт – 5 најчести теории на заговор во врска со вселената

Вселената е бесконечна и многу би било чудно доколку сме сами во неа. Затоа, честопати кога размислуваме на оваа тема, поради недостаток на доволно информации може да прибегнеме кон теории на заговор.

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata-01.jpg

Постојат ли други интелигентни цивилизации надвор од Сончевиот систем? Што точно е темната материја? Дали е возможно нешто да се движи побрзо од светлината? Сите овие прашања чекаат допрва да бидат одговорени.

Сепак има луѓе кои веруваат дека одговорите на овие прашања се познати и некои влијателни поединци ги кријат од нас, а еве кои се најчестите теории на заговор кои се однесуваат на вселената:

Слетувањето на Месечината во 1969 година е лага

Оние кои веруваат во оваа теорија на заговор тврдат дека САД во тоа време не располагал со потребната технологија за да слета на Месечината.

Наводно НАСА го лажирала слетувањето за да може да се оствари ветувањето на претседателот Џон Кенеди дека ќе испрати човек на Месечината пред 1970 година.

Кои се доказите кои теоретичарите ги наведуваат за своето тврдење? За почеток, на снимките од слетувањето не може да се забележат ѕвезди. Следно е знамето коешто се „вее“ на површината на Месечината. НАСА, се разбира, нуди многу докази дека човек стапнал на Месечината, како што се мноштво на фотографии, камења и карпи кои ги донеле астронаутите со себе.

Исто така, лесно може да се побие секое верување во теоријата на заговор со малку истражување и познавање од оваа област. На пример, ако погледнете видео од слетувањето, ќе забележите дека знамето воопшто не се вее, туку е намерно поставено така и е потполно неподвижно.

Кога станува збор за ѕвездите, не се забележуваат бидејќи се бледи, а фотографиите не се направени со долга експозиција. 

Но, скептиците продолжуваат да веруваат без да ги проучат нивните тврдења.

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (5).jpg

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (7).jpg

Лице на површината на Марс

Во 1970-тите, НАСА ласинраше две летала - Викинг 1 и Викинг 2 - за да го истражат Марс. Двете летала ја фотографираа површината на планетата, а на една од фотографиите се наоѓа ритче кое личи на човечко лице.

Теоретичарот на заговори Ричард Хогланд отишол еден чекор подалеку и тврдел дека тоа не е ритче, туку е токму човечко лице.

Тој тврдел дека вонземска цивилизација го колонизирала Марс, а лицето е доказ за нивниот град во регионот Сидонија.

Нормално, ова не е точно - оттогаш НАСА има испратено бројни летала кои уште немаат најдено доказ за интелигентен живот на црвената планета.

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (1).jpg

Друштвото на Рамна Земја

Во 1956 година, Семјуел Шелтон го основал друштвото кое ја промовирало теоријата дека Земјата е всушност рамна плоча. Теоријата ја базирал на, според него, „сопствениот здрав разум и личните опсервации“.

Научните докази дека Земјата е топка ги нарекол догматски, а сликите на планетата направени од вселената ги прогласил за лажни.

Шелтон починал во 1971 година, а друштвото го преземал Чарлс Џонсон.

Денес многу луѓе ширум светот веруваат дека Земјата е рамна, без разлика што немаат ниту еден конкретен доказ за тоа. Напротив, кое нивно трвдење да почнете да го проучувате, брзо ќе дојдете до заклучок дека Земјата, сепак, е топка. 

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (2).jpg

Американскиот шпионски сателит 193

На 14 декември 2006 година, Американците ја лансирале ракетата која го носела сателитот USA 193. Овој сателит бил дел од Програмата на националната канцеларија за разузнавање, односно требало да служи за шпионирање. Сателитот имал проблеми да се задржи во орбита и затоа во 2008 година владата на Америка објавила дека ќе го сруши со помош на ракета. Зошто?

Владата тврдела дека причината била затоа што во погонскиот резервоар сателитот имал хидразин којшто е токсичен. Теоретичарите на заговор сметаат дека тоа не е целата вистина, туку дека сателитот бил гаѓан со ракета за да не падне во рацете на друга земја или пак било едноставно одговор на кинеското рушење на нивниот сателит како би ја покажале сопствената технолошка надмоќ.

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (3).jpg

Планетата Х

Дали оваа голема непозната планета се наоѓа во Сончевиот систем? Оваа теорија на заговор вели дека Сончевиот систем има 9 планети (10 доколку некој ја брои Плутон). Оваа планета наводно има огромни димензии и се наоѓа на орбита која наскоро ќе ја доведе блиску до планетата Земја.

Теоретичарите на заговор сметаат дека докази за ова се земјотресите и временските непогоди на Земјата, а исто така тврдат и дека владите ги присилуваат опсерваториите да го држат во тајност постоењето на оваа планета за да се спречи општа паника.

Но, јасно е дека властите на ниту една земја би немале никаква корист од тоа го кријат постоењето на некоја планета. Покрај тоа, ако е навистина толку голема, секој би можел да ја види со обичен телескоп. 

5-najcesti-teorii-na-zagovor-za-vselenata (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg