Астронаутите од првата комерцијална мисија до Меѓународната вселенска станица успешно слетаа во Атлантскиот Океан (фото+видео)

На 2-ри мај 2021 година, астронаутите кои беа дел од првата комерцијална мисија до Меѓународната вселенска станица, позната како Crew-1, успешно се вратија на Земјата со капсулата на SpaceX. Капсулата слета со помош на падобрани во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Флорида, околу 3 часот наутро.

astronautite-od-prvata-komercijalna-misija-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-uspeshno-sletaa-vo-atlantskiot-okean-foto-video-01.jpg

Пред речиси шест месеци SpaceX и НАСА ги здружија силите и ја реализираа првата комерцијална мисија со Меѓународната вселенска станица. Астронаутите Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер и Соичи Ногучи во ноември минатата година беа лансирани со леталото Crew Dragon, а деновиве успешно се вратија на Земјата.

Нивната мисија траеше 168 денови и ова е најдолгиот престој на Станицата од 1974 година. Астронаутите слетаа во Атлантскиот океан во близина на Флорида, во 2:56 часот по локално време и ова е првото ноќно слетување по мисијата на Apollo 8 во 1968 година.

На официјалниот Твитер профил на SpaceX споделија неколку видеа и фотки од неверојатниот подвиг. Најпрво капсулата се одвои од Станицата и почна да се движи кон Земјата.

Потоа капсулата слета во океанот со помош на падобрани. Пред да излезат астронаутите, капсулата беше качена на бродот Go Navigator.

Следно, астронаутите поминаа низа тестови со цел да се утврди нивната здравствена состојба, а потоа беа испратени со авион во вселенскиот центар во Хјустон, Тексас.

По успешното слетување, на Твитер се огласија и двајца од астронаутите:

„Одлично е да се биде назад на Земјата. Можеби ќе ми недостасува погледот од мојата соба, но среќен сум што сум дома“, напиша Мајк Хопкинс.

astronautite-od-prvata-komercijalna-misija-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-uspeshno-sletaa-vo-atlantskiot-okean-foto-video-02.jpg

„Дома! Мисијата е завршена“, напиша Виктор Гловер.

astronautite-od-prvata-komercijalna-misija-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-uspeshno-sletaa-vo-atlantskiot-okean-foto-video-03.jpg

На Меѓународната вселенска станица веќе се наоѓа и новиот екипаж од комерцијалната програма на SpaceX и НАСА. Ова е втората долготрајна мисија, наречена Crew-2.

Кратко пред заминувањето на астронаутите од Crew-1, астронаутот Соичи Ногуичи сподели заедничка фотка од сите на Станицата:

astronautite-od-prvata-komercijalna-misija-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-uspeshno-sletaa-vo-atlantskiot-okean-foto-video-04.jpg

Повеќе фотки од слетувањето на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...

Најчитани неделава