Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, се лансираше во вселената успешно и се врати на Земјата (видео)

Џеф Безос или најбогатиот човек во универзумот денес отпатува во вселената. Тој стигна до границата на вселената во ракетата на неговата компанија Blue Origin, на која што ѝ се посвети откако ја напушти функцијата како извршен директор на „Амазон“. Летот се случи на 52 годишнината од денот кога Нил Армстронг стапна на Месечината.

Pedeset-i-dve-godini-otkako-chovekot-stapna-na-Mesechinata-Bezos-otpatuva-vo-vselenata-01.jpg

Леталото New Shepard на компанијата Blue Origin полета од базата во Западен Тексас во 15 часот по наше време или во 9 часот наутро по локално време.

najbogatiot-chovek-poleta-vselenata-04.jpg

Ова е првпат Blue Origin да испрати луѓе во вселената во рамки на мисијата наречена NS-16. Оваа мисија беше изведена на денот кога се навршуваат 52 години од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.

Безос и астронаутите се искачија до „работ на вселената“ и беа таму 11 минути, а потоа се спуштија на Земјата со помош на падобран. 

Целиот настан беше пренесен во живо:

Леталото ги има најголемите прозорци што досега ги имало кое било летало што било испратено во вселената и пружа одличен поглед на Земјата. Екипажот беше четири минути во безтелесна состојба.

Pedeset-i-dve-godini-otkako-chovekot-stapna-na-Mesechinata-Bezos-otpatuva-vo-vselenata-02.png

Претходно во текот на денот во интервју за New Day Безос даде одговор на прашањето што мисли за критиките дека летовите во вселената се забавни возења за богатите и дека тој треба да го троши богатството за да ги решава проблемите на Земјата, па рече:

„Би рекол дека тие се во право. Мора да ги правиме и двете работи. Знаете имаме голем број проблеми овде и сега на Земјата и треба да работиме на нив и секогаш треба да гледаме и на иднината. Секогаш сме го правеле ова како вид, како цивилизација“ – рече тој и додаде дека да се изгради пат до вселената значи да се направат неверојатни нешта на земјата и дека тие неверојатни нешта ќе решат голем број проблеми и тука.

Со Безос во ракетата New Shepard вселената ја посетија и неговиот брат Марк (53), иконата на американската авијација Воли Фанк (82) и средношколецот од Холандија Оливер Димен (18). Фанк и Димен се најстарата и најмладата личност што некогаш патувале во вселената.

Pedeset-i-dve-godini-otkako-chovekot-stapna-na-Mesechinata-Bezos-otpatuva-vo-vselenata-03.jpg

Воли Фанк била дел од групата „Меркур 13“ и поминала обука за астронаути во почетокот на 60-тите години на минатиот век која опфаќала 13 жени, но немала можност да лета во вселената поради нејзиниот пол.

Димен го зазема местото на првиот човек што платил за да патува со леталото на Blue Origin. Тој го пополнува местото на мистериозниот победник на аукцијата кој за билетот на New Shepard минатиот месец издвоил 28 милиони долари. Сепак богатиот клиент имал проблеми со распоредот, па не можел да стигне на денешниот лет.

Таткото на младиот Димен, е основач и извршен директор на приватна компанија за инвестициски менаџмент Somerset capital partners во Холандија, учествувал на аукцијата и требало да лета на следната мисија на New Shepard, но го отстапил местото на неговиот син.

Pedeset-i-dve-godini-otkako-chovekot-stapna-na-Mesechinata-Bezos-otpatuva-vo-vselenata-04.jpg

Младиот Димен од септември планира да студира физика и менаџмент на иновациите на Универзитетот во Утрехт.

Инаку, Безос е вториот милијардер што патува во Вселената. На 11-ти јули во вселената полета и основачот на Virdzin Galactic, Ричард Бренсон. Со летот на Безос и на Бренсон се одбележува нова ера во вселенскиот туризам, кога луѓето ќе може да платат за да патуваат во Вселената.

Секако, ова значи дека летот во Вселената и понатаму ќе остане само за привилегираните, односно, само за оние што имаат можност да си го дозволат тоа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава