Најзначајните и највлијателните научници во историјата на човештвото

Научниците ширум светот практично секојдневно откриваат нови нешта, но скоро сите нивни откритија се возможни благодарение на само неколку личности.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-01.jpg

Низ историјата се појавиле многу вакви личности кои со нивните идеи, теории и истражувања засекогаш ги промениле нашите знаења за светот, а со тоа го овозможиле и нашиот напредок.

Во продолжение дел научниците за кои сите би требало да знаат:

Марија Кири (1867 – 1934)

Марија Кири е единствената личност која добила две Нобелови награди во разни области – физика и хемија.

Таа е пионер во областа на радиоактивноста и е заслужна за откривањето на два елементи – радиум и плутониум.

Истовремено, Марија е првата личност која почнала да прави експерименти за третирањето на ракот со радиоактивни изотопи.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-02.jpg

Алан Тјуринг (1912 – 1954)

Алан Тјуринг неретко е нарекуван татко на компјутерската наука и донекаде е заслужен за концептот на алгоритми кои денес се користат во програмирањето.

Со неговиот Тјурингов тест, Алан има огромен придонес во вештачката интелигенција. Имено, со овој тест би можело да се утврди дали некоја машина, односно вештачка интелигенција, може да размислува како човек или, со други зборови, дали е „свесна“.

Еден од неговите најголеми подвизи е дешифрирањето на познатата машина Енигма со која нацистите си испраќале кодирани пораки во текот на Втората светска војна.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-03.jpg

Нил Бор (1885 – 1962)

Познатиот физичар има огромни придонеси за нашето разбирање на структурата на атомот, како и квантната механика.

Токму тој предвидел дека електроните се движат околу атомското јадро и успеал да објасни како емитуваат или апсорбираат енергија.

Поради неговите подвизи, Бор се смета за еден од највлијателните физичари на 20-тиот век.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-04.jpg

Чарлс Дарвин (1809 – 1882)

Сите знаеме за дарвиновата теорија за еволуцијата. Тој сметал дека живите суштества еволуираат со текот на времето преку процес кој го нарекол природна селекција.

Со текот на времето, неговата теорија стана единственото логично објаснување за еволуцијата на живите суштества и разноликоста на живиот свет.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-05.jpg

Леонардо да Винчи (1452 – 1519)

Да Винчи дефинитивно бил пред своето време. Иако е најпознат по уметничките дела, тој бил и математичар, инженер, архитект, ботаничар, изумител…

Леонардо имал направено концепт за хеликоптер, соларна енергија, калкулатор и многу други нешта – подвизи што се за восхит кога ќе се земе предвид времето во коешто живеел.

Тој има и голем удел во анатомијата, оптиката и хидродинамиката.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-06.jpg

Галилео Галилеј (1564 – 1642)

Познат и како татко на модерната астрономија, татко на модерната физика и татко на науката, изумите и теориите на Галилео имаат огромен придонес во многу сфери.

Галилео ги подобрил дизајните на телескопот и компасот, ги открил најголемите сателити на Јупитер и бил поборник на теоријата на Коперник според која Земјата и другите планети се вртат околу Сонцето.

Во периодот кога живеел, овој факт не бил прифатен од црквата која верувала дека Земјата се наоѓа во центарот на универзумот.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-07.jpg

Никола Тесла (1856 – 1943)

Најголемите откритија на Тесла се поврзани со електричната енергија и магнетизмот. Всушност неговите теории ги поставија темелите на модерните електрични системи што се користат денес.

Неретко, Тесла е нарекуван и човекот кој го измисли 20-тиот век.

Покрај подвизите во областа на електричното инженерство, Тесла има свој удел во роботиката, нуклеарната физика и теоретската физика.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-08.jpg

Алберт Ајнштајн (1879 – 1955)

Ајнштајн е најпознат по теоријата на релативноста која, меѓу другото, помогна подобро да се разбере гравитацијата, а има добиено Нобелова награда за неговиот закон за фотоелектричен ефект.

Придонесите на Ајнштајн во областа на физиката се огромни и тој има објавено над 300 научни трудови.

Во 1999 година беше прогласен и за личност на годината од страна на Time. А, поради неговата популарност, денес името „Ајнштајн“ е и синоним за генијалец.

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-09.jpg

Исак Њутн (1643 – 1727)

Со неговото дело Philosophiae Naturalis Principia Matematica, Њутн стана една од највлијателните личности во научните кругови.

Во ова дело Њутн ги објаснува неговите закони за движење, поставувајќи ја основата за класичната механика.

Њутн има важен удел и во математиката – заедно со Готфрид Лајбниц, тој го развил диференцијалното и интегралното сметање (калкулус).

najznachajnite-i-najvlijatelnite-nauchnici-vo-istorijata-na-choveshtvoto-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg