Неколку дена во вселената со малку храна и вода – Неуспешната мисија до Месечината која можела да заврши трагично

Мисијата Аполо 13 на НАСА требаше да ја однесе третата група астронаути на Месечината, но наместо тоа, се претвори во приказна за преживување која одлично прикажува дека и најмалата грешка може да чини многу во вселенските патувања.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-01.jpg

Аполо 13 е седмата мисија со екипаж од програмата Аполо на НАСА, како и третата мисија со цел да испрати луѓе на Месечината. Екипажот го сочинуваа тројца астронаути кои беа лансирани на 11 април 1970 година од Вселенскиот центар Кенеди во САД.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-07.jpg

Тогаш 42-годишниот Џејмс Ловел бил еден од најискусните астронаути кој веќе имал завршено три вселенски мисии. Тој бил командантот во мисијата.

Пилотот на модулот со којшто требало да слетаат на Месечината е Фред Хејс кој тогаш имал 36 години. Претходно, тој бил воен пилот со завидна кариера.

Третиот член на екипажот бил тогаш 38-годишниот Џон Свигерт кој исто така бил пилот. Пред лунарната мисија, тој работел на мисијата Аполо 7, а ова бил неговиот прв вселенски лет.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-02.jpg

Генерално, тројцата астронаути биле добро обучени и подготвени да стапнат на Месечината.

Но, астронаутите никогаш не стигнаа до Месечината. Наместо тоа, поминаа неколку денови исполнети со неизвесност во леталото не знаејќи дали ќе се вратат живи на Земјата.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-08.jpg

Околу 56 часа по лансирањето, во леталото експлодирал резервоар со кислород, по што веднаш станало јасно дека мисијата е неуспешна.

Бидејќи леталото било оштетено, тројцата астронаути се засолниле во лунарниот модул со којшто требало да слетаат на нашиот сателит.

Експлозијата се случила кога леталото било оддалечено околу 322.000 километри од Земјата. Штом сфатиле дека нешто не е во ред, астронаутите веднаш ја контактирале базата на Земјата.

Всушност, токму од овој контакт потекнува познатата изрека „Хјустон, имаме проблем“ (Houston, we have a problem).

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-09.jpg

Од НАСА откриле дека експлозијата е предизвикана од соголени жици, како и грешки при тестирањето пред лансирањето.

Соголените жици предизвикале пожар во резервоарот за кислород, по што бил уништен. Истовремено, се оштетил и уште еден резервоар.

Со ова драстично се намалило нивото на кислород во леталото. Истовремено, се јавиле и проблеми со напојувањето на системите бидејќи зависеле од кислородот. 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Што ќе се случи на Земјата ако Месечината одеднаш исчезне? Ако Месечината исчезне, деновите постепено ќе стануваат пократки бидејќи нејзина...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg