Неколку дена во вселената со малку храна и вода – Неуспешната мисија до Месечината која можела да заврши трагично
Бидејќи не работел ни системот за греење, температурата во леталото брзо се спуштила до речиси нула, а со ова се уништил и дел од резервите на храна.
Со цел да заштедат од енергијата на леталото за да можат се вратат на Земјата, астронаутите се засолниле во лунарниот модул и останале таму речиси пет дена.

Модулот во којшто се засолниле астронаутите бил дизајниран за двајца и ова претставувало проблем. Исто така, модулот не бил направен за да биде активен долго време, па астронаутите морале да се погрижат дека нема да трошат многу енергија и вода за ладење на неговите системи.
Од Земјата, инженерите им помогнале да направат рации со храна и вода за да имаат доволно залиха додека да се вратат на Земјата и правеле секакви импровизации за астронаутите да можат да поминат скоро пет дена во модулот.
Додека да се вратат дома неколку денови подоцна, тројцата астронаути драстично ослабеле, а еден од нив развил и инфекција на бубрезите.
Астронаутите ја заобиколиле Месечината за да ја искористат нејзината гравитациона сила за забрузување кон Земјата.
Засолнети во модулот кој уште бил прикачен на главното летало, успеале да навлезат во земјината атмосфера. Бидејќи модулот немал заштита од топлина, морале да се приземјат со целото летало.

Неколку часа пред слетувањето, изнемоштените астронаути се вратиле во леталото, успеале да го вклучат и да слетаат во Тихот Океан на 17 април.

По оваа катастрофа која, за среќа, завршува добро, од НАСА направија бројни промени во вселенските летала со цел да избегнат слична ситуација.
Меѓу другото, сега во леталата има посебен резервоар за кислород кој е изолиран и е само за екипажот. Од резервоарите, пак, ги отстраниле жиците. Тие додаваат и помоќна батерија на модулите со цел да издржат подолго, како и дополнителни резервоари со вода.

За овој настан, во 1995 година е снимен и филм – Apollo 13 – во режија на Рон Хауард. Главните улоги им припаѓаат на Том Хенкс, Бил Пакстон и Кевин Бејкон.
Спирова С. | Црнобело
