Вакцини и уште 6 медицински изуми кои драстично ни го зголемија животниот век

Се претпоставува дека антибиотиците го имаат зголемено просечниот животен век на човекот за дури 23 години. Секако, тоа не значи да ги користите на своја рака, туку исклучиво со препорака од доктор. 

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-01.jpg

Благодарение на науката, животниот век на луѓето е значително зголемен.

Во минатото луѓето ја немале медицинската нега што ни е достапна денес и неретко умирале од болести кои сега се лекуваат со наједноставна терапија.

Покрај тоа, смртта на новороденчињата била мошне честа појава поради немањето соодветни услови за нивна грижа и лекување.

Дури ни најбогатите луѓе во општеството, кои барем имале пристап до подобра медицинска нега (и подобра храна), не живееле многу долго.

На пример, во периодот 1200-1300 година, просечниот животен век на аристократите бил 64 години. На „обичните“, сиромашни луѓе, просечниот век им бил многу помал – околу 35 години.

Денес просечниот животен век е од 72 до 73 години, односно 75 години за жени и 70 години за мажи.

А, во голема мера, ова се должи на напредокот на медицината.

Па, кои медицински откритија ни го зголемија животниот век?

Откривањето на бактериите и микроорганизмите

Денес сите знаеме што се бактерии и микроорганизми и пробуваме да се заштитиме од нив. Но во 19-тиот век, пред да се докаже постоењето на овие микроорганизми, ситуацијата била многу поразлична.

Луѓето не ги миеле рацете, не се ни бањале, не ги стерилизирале инструментите за операција, а со ова лесно се ширеле секакви зарази.

Дури во 1861 година хемичарот Луј Пастер докажал дека храната се расипува од бактерии кои не се видливи за човечкото око и утврдил дека болестите и заразите се предизвикани од нив.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-02.jpg

Анестетици

Денес со помош на операции лекарите спасуваат илјадници животи секојдневно. Но, тешко дека некој би се согласил да му направат операција без анестезија.

Пред да биде откриена анестезијата, многу луѓе попрво избирале смрт, отколку да им бидат правени оперативни зафати, ампутации или да им ги поправаат многу оштетените заби додека се свесни.

За среќа, во 1846 година, заболекарот Вилијам Т. Г. Мортон ја направил првата ефикасна анестезија.

Анестезијата првпат била искористена на пациент на кого му направиле операција за отстранување тумор од вратот. Според пациентот, операцијата била безболна.

Оттогаш медицинските експерти продолжиле да ја усовршуваат анестезијата, па денес можеме да одиме на заболекар и да ни прават секакви операции без да се грижиме за болката.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-03.jpg

Лапароскопија

Лапароскопијата е операција која се изведува во карлицата или абдоменот, а притоа се прават минимални засеци, најчесто со дијаметар од 0,5 до 1,5 сантиметри.

Бидејќи станува збор за мошне мал засек, времето на закрепнување е многу пократко, болката што ја чувствуваат пациентите е многу помала, а и значително се намалува опасноста од крвавење.

Овие операции првпат почнале да се изведуваат во 1980-тите, а бидејќи драстично го намалуваат ризикот од компликации, на некој начин ни го имаат продолжено животниот век.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-04.jpg

Уште четири изуми на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg