Клетките од фетусот остануваат во телото и мозокот на мајката неколку години по породувањето

Знаевте ли дека клетките од фетусот остануваат во телото на мајката неколку години по породувањето? Ова покажува дека поврзаноста помеѓу мајката и детето е многу поголема не само на емоционално, туку и на физичко ниво. Неверојатно, зарем не?

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-01.jpg

Познато е дека во текот на бременоста може да настане размена на клетки помеѓу фетусот и мајката, а науката вели дека клетките од фетусот остануваат во телото на мајката и по неколку години по породувањето.

Во текот на бременоста, мајката и фетусот се физички поврзани преку плацентата.

Плацентата е орган кој се развива во матката за време на бременост. Таа е „закачена“ на ѕидот на матката, а со бебето е поврзана преку папочната врвца.

Плацентата е извор на кислород и хранливи материи за фетусот, а истовремено ги отстранува штетните и непотребни материи од крвта на бебето.

Токму преку плацентата, клетките од фетусот можат да мигрираат во телото на мајката, а важи и обратното.

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-03.jpg

Oвие мигрирачки клетки можат да „се сместат“ во разни органи како белите дробови, црниот дроб или срцето, па и во мозокот.

Но, можеби најинтересниот факт е тоа што клетките од фетусот остануваат во телото на мајката и неколку години по породувањето.

Присуството на туѓи клетки во нечиј организам е познато како микрохимеризам. Терминот потекнува од зборот химера – чудовиште од старогрчката митологија составено од неколку животни.

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-05.jpg

Микрохимеризмот првпат е забележан кај луѓето во постара студија во која научниците откриле клетки со машки Y хромозоми во крвта на жена по бременост.

Жените имаат два Х хромозоми, додека мажите имаат еден Х и еден Y хромозом. Што значи, клетките откриени во крвта на жената дефинитивно не се нејзини.

Во истражувањето од 2012-та, научниците ги испитувале истите клетки и откриле дека тие не се наоѓаат само во крвта, туку и во мозокот и други органи.

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-02.jpg

Покрај мигрирањето на клетките преку плацентата, се верува дека ова може да се случи и преку доењето.

Интересно е што мајката може да ги пренесе клетките од постарото дете во помладото, што значи ако имате постар брат или сестра, сосема возможно е во вашиот организам да има и нивни клетки.

Истовремено, се верува дека може да има размена на клетки и помеѓу близнаци додека се во матката.

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-06.jpg

Засега не е познато дали клетките од фетусот имаат некаква улога во телото на мајката, но експертите имаат неколку претпоставки.

На пример, овие клетки од фетусот се слични со матичните клетки, па можеби му помагаат на организмот во борењето против болести и повреди.

Можно е и овие клетки да имаат влијание врз имунитетот на мајката.

kletkite-od-fetusot-ostanuvaat-vo-teloto-i-mozokot-na-majkata-nekolku-godini-po-poroduvanjeto-07.jpg

Иако, очигледно, не ни се јасни многу работи за оваа интересна појава, таа дефинитивно покажува дека врската помеѓу мајката и детето е многу поголема и посилна отколку што можеме да си замислиме.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...

Најчитани неделава