Скопје, 27 јуни 2025 година – „Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл и македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификатите, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари“ изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл на денешниот настан организиран за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук, што се одржа во Скопје.