Шенон Доерти се разведува од сопругот по 11 години брак, среде битката со ракот на дојка: „Немаше друг избор“

По 11 години брак, Шенон Доерти поднесе барање за развод од сопругот Курт. Засега не е позната точната причина, но извори блиски до актерката алудираат на тоа дека сопругот имал афера.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-01.jpg

Среде битката со ракот, актерката Шенон Доерти поднесе барање за развод по 11 години брак.

52-годишната ѕвезда од Beverly Hills и Charmed го поднела барањето во петокот, а според TMZ, со сопругот биле разделени уште од јануари годинава.

Шенон и сопругот Курт се венчаа во 2011 година и немаат деца. За Шенон, ова ќе биде третиот развод.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-03.jpg

Според портпаролката на актерката, Шенон не сакала развод, но немала друг избор. Истовремено, таа им порача на американските медиуми да стапат во контакт со агентката на Курт, алудирајќи на тоа дека можеби станува збор за афера.

„Разводот е последното нешто што го сакаше Шенон. За жал, беше оставена без ниту една друга опција.

Можете да стапите во контакт со агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ситуацијата“.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-02.jpg

Моментално Шенон води битка со рак на дојката во четврти стадиум, а ова дополнително го влошува разводот.

Извори блиски до парот споделија дека актерката не е во добра здравствена состојба, па разводот ќе бил „горчлив“.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-05.jpg

Шенон и претходно водеше битка со ракот, а во 2017-та сподели дека е во ремисија. За жал, во 2020-та болеста се врати.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-06.jpg

Претходно Шенон има изјавено дека болеста ја зближила со сопругот.

„Ракот ни ја зајакна врската. Јас и Курт сега повеќе се цениме еден со друг. Ова не значи дека претходно нашиот брак беше лош. Но, дефинитивно минувавме низ тешки периоди.

Се каравме и наместо да го решиме проблемот, не зборувавме со денови. Сега не дозволуваме да бидеме лути еден на друг цела ноќ. Последната голема караница ни беше пред ракот“.

shenon-doerti-se-razveduva-od-soprugot-po-11-godini-brak-srede-bitkata-so-rakot-na-dojka-nemashe-drug-izbor-04.jpg

Актерката неколкупати има изјавувано и дека Курт ѝ е најголемата поддршка во тешките мигови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава