Спектакуларно отворена Евровизија 2023 - се појави и принцезата Кејт на пијано (видео)

Евровизија 2023 започна со спектакл кој требаше да ја нагласи минатогодишната победа на Украина, но и нивната соработка со Велика Британија. Меѓу големиот број Британци што настапија со Украинците „Калуш оркестра“ беше и принцезата Кејт.

spektakularno-otvorena-evrovizija-2023-se-pojavi-i-princezata-kejt-na-pijano-video-01.jpg

Вечерва се одржува финалната вечер на Евровизија 2023. Вечерта започна со заеднички спот во кој минатогодишните победници на Евровизија, „Калуш Оркестра“ ја испеаја песната „Стефанија“, а во спотот се појавија и повеќе британски музичари и познати личности.

Во еден сегмент ја видовме и идната британска кралица, принцезата Кејт како свири на пијано, како и украинската победничка од 2016-та година Џамала.

По спотот, перформансот продолжи на евровизиската сцена, каде беше организиран спектакуларен настап, со танчари, хор, хип-хоп изведувачи..

Вечерва на сцената ќе се појават претставниците на 26 земји, по 10 финалисти кои победија во двете финални вечери што се одржаа во текот на изминатата недела, како и шест претставници кои одат директно во финале.

За најголем фаворит се смета претставничката на Шведска, Лорин, која победи во 2012-та година, а по неа се претставниците на Финска, Украина, Франција и Израел.

Погледнете ја изведбата на Лорин од полуфиналната вечер:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мидлтон мораше да се соблече боса, ја критикуваат за стапалата: „Грозни се, можела да исече нок... „Како може една принцеза да има вакви стапала? / Можела барем да ги исече ноктит...
Кејт Бланшет со стар фустан на Филмскиот фестивал во Венеција – го носеше пред неколку години, често... Кејт Бланшет веќе ја нарекуваат кралица на одржливата мода бидејќи е една од рет...
Кејт и Вилијам прославија 15 години брак – позираат во трева во лежерно издание, со трите деца (фото... Кејт и Вилијам ја одбележаа 15-тата годишнина од бракот со семејна фотографија –...
Тинејџерската љубов што Кејт Винслет не може да ја преболи: „Имав 15, а тој 27 години, уште тагувам ... На 15-годишна возраст, Кејт Винслет беше во врска со 27-годишен маж. Иако јавнос...
Блејк Лајвли ја споредуваат со демон, Џастин Балдони бил „морон“: Нови детали за холивудската драма „Балдони зборуваше за сексуалните врски со жени. Кажуваше дека присилувал жени н...
Камерон Дијаз (53) гордо ги покажа брчките и природната убавина, откако цела година се криеше од јав... Првпат по една година, Камерон Дијаз се појави во јавност, и тоа со сопругот и п...

Најчитани неделава