Првиот син ѝ се самоуби, а со двајцата посвоени не разговараше: Факти за Тина Тарнер, која почина на возраст од 83 години
Таа ќе гради успешна музичка кариера сѐ до 2009-та година, кога ќе се пензионира од музичката сцена и ќе почне да живее мирен и повлечен живот со нејзиниот втор сопруг.
Во јули 2013-та година на возраст од 73 години Тина ќе се омажи по вторпат за Ервин Бах со кого била во врска 27 години. Тие двајца живееле заедно во Швајцарија, а Тина се откажала од американското државјанство за да стане жител на Швајцарија.
Во 2018-та година Тина ќе биде погодена од голема трагедија, кога нејзиниот прв син Крег Рејмонд Тарнер ќе изврши самоубиство. Таа рече дека тој бил најтешкиот миг во нејзиниот живот како мајка.
„Тој имаше 59 години кога почина трагично, но тој секогаш ќе биде мое бебе“ – рече Тина во документарниот филм посветен на нејзиниот живот и рече дека нејзиниот син најверојатно се чувствувал осамен, па затоа посегнал по сопствениот живот.
Во 2020-тата година Тина рече дека иако имала здравствени проблеми, последните 10 години од нејзиниот живот била вистински среќна како што отсекогаш посакувала.
Но, во декември минатата година Тина беше погодена од нова трагедија кога нејзиниот син Рони почина од компликации на ракот на дебелото црево, на возраст од само 62 години.
Ајк Тарнер Џуниор, синот што таа го посвои додека беше во брак со Ајк, во 2018-та тврдеше дека иако таа го израснала и му била единствената мајка што ја познавал, со неа не разговара повеќе од 20 години.
-->
-->
Мајкл Тарнер, пак одлучи да води повлечен живот подалеку од очите на јавноста, но се претпоставува дека и тој со години не разговарал со мајка му.
-->
Прочитајте и Рак, мозочен удар, насилен сопруг: Мрачни факти за животот на Тина Тарнер во новиот документарец за неа
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи...
Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та
Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...