Рак, мозочен удар, насилен сопруг: Мрачни факти за животот на Тина Тарнер во новиот документарец за неа

Вториот сопруг на Тина Тарнер е 16 години помлад од неа, ѝ донирал бубрег за трансплантација, а со него стапи во брак на 73-годишна возраст. Вели дека тој е мажот кој конечно ѝ донел среќа. Во љубов се 30 години, а таа му пристапила прва.

rak-mozochen-udar-nasilen-soprug-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-tina-tarner-vo-noviot-dokumentarec-za-nea-01.jpg

Музичката легенда Тина Тарнер во новиот документарен филм снимен за неа говори за нејзината успешна 6-децениска кариера, но и за целата злоупотреба и дискриминација што ја почувствувала притоа.

Документарниот филм е наследство и подарок од 81-годишната Тина за нејзините фанови. Во него се вклучени емоционални интервјуа со пејачката во кои се сеќава на детството, сиромаштијата, собирањето памук од полињата во Тенеси, заминувањето на нејзината мајка, поради тоа што татко ѝ на Тина ја злоупотребувал, но и пејачкото деби на Тина со нејзиниот насилен сопруг Ајк Тарнер и нејзините осаменички години, дури и кога била најдобрата светска женска рок ѕвезда.

rak-mozochen-udar-nasilen-soprug-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-tina-tarner-vo-noviot-dokumentarec-za-nea-09.jpg

Тина говори искрено за себе, но и се буни секој пат кога е портретирана само како жртва на физичка, емоционална и сексуална злоупотреба од страна на Ајк и кога и по разделбата со него новинарите се интересираат само за тоа, а не за нејзината легендарна кариера.

„По целиот успех што го постигнав луѓето сѐ уште зборуваат само за Ајк и Тина“, изјави таа во една пригода и вели дека не била заинтересирана да ја раскаже таа срамна приказна од нејзиниот живот, но чувствувала дека само така новинарите ќе ѝ се симнат од грбот.

rak-mozochen-udar-nasilen-soprug-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-tina-tarner-vo-noviot-dokumentarec-za-nea-11.jpg

rak-mozochen-udar-nasilen-soprug-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-tina-tarner-vo-noviot-dokumentarec-za-nea-02.jpg

Тина проговори за нејзината траума многу одамна, уште во време кога беше реткост некоја јавна личност јавно да истапи со таква исповед.

Во тој период Опра за себе и за Тина изјави: „Никој не зборуваше за сексуалната, физичката, семејната злоупотреба. Нашата генерација е таа што треба да ја скрши тишината“. Инаку, Опра отворено говореше за тоа што доживеала злоставување како дете.

Тарнер признава дека и денес пред очи ѝ се јавуваат слики од моментите кога била претепувана. „Таа сцена ти се враќа, сонуваш, но вистинската слика е тука, тоа е како клетва“, изјави таа.

rak-mozochen-udar-nasilen-soprug-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-tina-tarner-vo-noviot-dokumentarec-za-nea-03.jpg

Инаку, по целата таа траума Тина изјави дека му простила на сопругот. Инаку, Ајк почина од предозирање со дрога во 2007 година.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава