„Кажав да“: Романтично запросување на Никол Шерцингер (44) на Хаваи, по три години врска

Том Еванс ја побара раката на Никол Шерцингер за време на нивниот одмор на Хаваи, а пејачката ги сподели убавите вести со Инстаграм објава.

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-01.jpg

Никол Шерцингер се сврши со Том Еванс по три години врска. 38-годишниот рагбист ја побара раката на 44-годишната пејачка за време на нивниот одмор на Хаваи.

Никол ги сподели убавите вести со објава на Инстаграм:

„Реков да“, стои во описот.

Пејачката носи долг бел фустан со син дезен, во комбинација со шешир, додека Том е во лежерно издание со кошула и шорцови.

На едната фотка се гледа мигот кога рагбистот е клекнат на едно колено, а на втората парот позира со широки насмевки.

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-05.jpg

Никол и Том се запознаа кога пејачката беше судија на X Factor во 2019-та. Речиси веднаш почнаа врска и оттогаш се практично неразделни.

Во февруари годинава се појавија гласини дека се разделиле, но парот докажа дека тоа не е воопшто точно.

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-02.jpg

Според извори блиски до нив, нивната врска е прекрасна и заедно се пресреќни.

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-03.jpg

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-07.jpg

Претходно, Никол беше во подолга врска со возачот на Формула 1 Луис Хамилтон. Тие се запознаа во 2007-ма и неколкупати раскинуваа и се смируваа, а конечно ставија крај на врската во 2015-та.

rekov-da-nikol-shercinger-se-veri-so-dechkoto-na-havai-po-tri-godini-vrska-04.jpg

Повеќе фотки од згодната Никол на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никол Шерцингер како бикини божица дочека 48-ми роденден – позира на плажа, свршеникот восхитен од н... Напиша 47 во песокот, па бран ја избриша бројката и испиша 48 – Никол Шерцингер ...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
Бакна друг маж пред него, се венчаа набрзина: Знаци дека бракот на Никол Кидман и Кит Урбан беше осу... На Кит Урбан не му било сеедно што Никол сè почесто снима филмови со многу секс ...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава