Машин Ган Кели му удри бокс на фан по негово барање, додека се обидува да ја спаси врската со Меган Фокс (видео)

На неодамнешен концерт, фан побара од Машин Ган Кели да го удри на лицето, а пејачот го послуша и објави видео од бизарниот момент. Во меѓувреме, пејачот пробува да ја спаси врската со Меган Фокс и наводно одат на брачен советник.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-01.jpg

На 1-ви јули годинава, Машин Ган Кели одржа концерт во Белгија, а на барање на негов фан, му удри бокс на лицето.

Бизарниот миг е овековечен и на видео.

Обожавателот на пејачот стоеше во првиот ред и држеше транспарент со натпис:

„Само што дојдов од Мексико за да ме удриш по лицето“.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-03.jpg

Машин Ган Кели го забележа натписот и го праша обожавателот зошто сака да го удри. На ова, тој само одговори со „Те сакам“.

На видеото се гледа дека Машин Ган Кели се двоуми и му рече дека носел прстени, што значи ударот ќе бил болен.

На крај, пејачот сепак го удри момчето на лицето, а видеото од моментот си го објави и на Инстаграм со опис:

„Остварувам соништа“.

Удреното момче остави долг коментар на објавата, заблагодарувајќи му се на пејачот што го удрил.

„Ти благодарам што ми го оствари сонот. Чекав толку долго да те видам и уште не ми се верува дека се случи ова.

Не е некаков фетиш (го видов и тоа во коментари)…

Изминативе неколку дена беа навистина тешки за мене и ми го разубави денот кога ме забележа во публиката и со тоа што беше многу грижлив за сè“.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-07.jpg

Останатите инстаграмџии истакнуваат дека целата ситуација е чудна, но сметаат дека штом фанот го сакал ова, не би требало да им пречи на другите.

Некои, пак, се шегуваат дека сега момчето ќе го тужи пејачот за да заработи голема сума пари.

Во меѓувреме, Машин Ган Кели пробува да ја спаси врската со Меган Фокс. Според изворите, тие се заедно и посетуваат брачен советник. Последен пат беа забележани заедно на крајот од мај.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-08.jpg

Во јуни, пак, Меган беше забележана во публиката на концерт на свршеникот.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-04.jpg

На Инстаграм профилот на Меган нема ниту една фотка со Машин Ган Кели. Всушност, таа ги избриша повеќето објави од профилот.

И Машин Ган Кели има избришано голем дел од фотките со Меган.

Откако почнаа проблемите во врската, парот се нема огласено за ситуацијата.

mashing-gan-keli-mu-udri-boks-na-fan-po-negovo-baranje-dodeka-se-obiduva-da-ja-spasi-vrskata-so-megan-foks-video-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава