Работеше во мртовечница за да не оди во затвор - Линдзи Лохан некогаш беше проблематична девојка, а денес гордо позира бремена
- Детали
- сабота, 15 јули 2023
Вкупно шестпати била на рехабилитација, околу 20 пати била повикана на суд, а нејзините фотографии на кои е под дејство на алкохол и опојни супстанции завршуваа во таблоидите. Денес, Линдзи Лохан води мирен семеен живот и се радува што ќе стане мајка.
Актерката Линдзи Лохан (36) многумина ја помнат по улогите во филмовите Freaky Friday и Mean Girls, а сега е бремена и постојано објавува фотографии од нејзиниот живот во Дубаи.
Таа на Инстаграм сподели фотографии со кои покажа како ја уредила детската соба и гордо позираше во бел фустан кој го отсликува нејзиниот труднички стомак.
Дел од американските медиуми пишуваат дека актерката и нејзиниот сопруг Шамаз очекуваат момче.
Инаку, актерката се пресели во Дубаи во 2014-та година, а 7 години подоцна откри дека се свршила за банкарот Шамаз.
Таа и Шамаз стапија во брак минатата година, а во март годинава објавија дека го очекуваат своето прво дете.
Сепак, иако Линдзи денес води среќен семеен живот, подалеку од Холивуд, голем број светски таблоиди сѐ уште се сеќаваат на скандалите што ја „тресеа“ во минатото.
Да се потсетиме на дел од нејзините скандали:
На почетокот на 2000-тите години фотографиите на Линдзи како се забавува постојано наоѓаа место на насловните страници на таблоидите.
Повозрасните сѐ уште ги помнат нејзините фотографии од забавите со Бритни Спирс и Парис Хилтон. Но, тие три веќе не се во добри односи.
Односите со Парис наводно се влошиле откако Линдзи нарачала братот на богатата наследничка да биде претепан на забава.
Низ годините Линдзи се соочи со голем број правни проблеми, а сѐ започна во 2007-ма година кога за првпат беше обвинета за возење под дејство на алкохол и опојни супстанции, само неколку месеци откако излезе од рехабилитација.
Тогаш таа доби казна од еден ден во затвор, 10 дена работеше општокорисна работа и доби условна казна од 3 години. Исто така, мораше да плати и казна и да влезе во програма за едукација за консумирање алкохол.