Кејти Холмс се разголе и гордо ги покажа стриите на стомакот - бившата на Том Круз фит на 44 години

„Кога ѕвезда како Кејти ќе покаже дека е океј да имаш стрии, тогаш ни другите жени не треба да се срамат од своите несовршености“, велат фановите на Кејти Холмс, откако актерката беше фотографирана додека шета во Њујорк и гордо ги носи стриите на стомакот.

bivshata-na-tom-kruz-se-razgole-i-gi-pokazha-striite-na-stomakot-01.jpg

Поранешната сопруга на Том Круз, Кејти Холмс, на 44 години е во топ форма и не ги крие стриите на стомакот.

Таа се прошета низ улиците на Њујорк во широки зелени тренерки комбинирани со црн кроп-топ. Актерката го дополни спортскиот изглед со интересни очила за сонце и златен накит, па не помина незабележана.

bivshata-na-tom-kruz-se-razgole-i-gi-pokazha-striite-na-stomakot-02.jpg

Новиот имиџ на Холмс изненади многумина, бидејќи актерката секогаш е покриена од глава до пети и не се разголува во јавноста.

И кога е на јавни настани, но и кога ја фотографирале папараци, Кејти секогаш била умерена во стилот и не го покажувала телото.

bivshata-na-tom-kruz-se-razgole-i-gi-pokazha-striite-na-stomakot-05.jpg

Овојпат, нејзините стрии привлекоа големо внимание. На социјалните мрежи велат дека е за поздрав тоа што решила да не ги крие стриите иако знае дека папараци ја следат на секој чекор.

„Ова е само уште еден доказ колку е нормална и не е залудена од Холивуд“,

„Кога ѕвезда како Кејти ќе покаже дека е океј да имаш стрии, тогаш ни другите жени не треба да се срамат од своите несовршености“, се дел од коментарите.

bivshata-na-tom-kruz-se-razgole-i-gi-pokazha-striite-na-stomakot-03.jpg

Кејти, која се прослави со серијата Dawson Creek, стекна светска популарност кога во 2006-та година се омажи со Том Круз. Парот се разведе во 2012 година, и ја има ќерката Сури.

По разводот од Круз се шпекулираше дека Кејти е во љубовна врска со актерот Џејми Фокс, но дека морале да се кријат поради предбрачниот договор на Холмс.

bivshata-na-tom-kruz-se-razgole-i-gi-pokazha-striite-na-stomakot-06.jpg

Во него, наводно, стоело дека 5 години по разводот таа не смее да се појави во јавноста со нов партнер. Брзо откако открија дека сепак се заедно, Кејти и Џејми раскинаа.

По ова, актерката беше во љубов со готвачот Емилио Витоло, но и со него раскина и во моментов е сингл.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
Се вљубија додека го снимаа Wuthering Heights, до денес си пишуваат писма: Љубовта на Том Харди и со... Додека се зборува за опсесијата на Марго Роби и Џејкоб Елорди додека го промовир...
Некои бивши го ценат, други го оставиле поради скиентологијата: Дали на Том Круз му е судено да биде... По три пропаднати бракови и уште повеќе неуспешни врски, Том Круз повторно е син...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Хју Џекмен продолжува да ја понижува бившата сопруга: „Скршена е бидејќи ја однесе љубовницата на Ме... Хју Џекмен се соочи со остри критики откако на годинашната Мет гала се појави со...

Најчитани неделава