Некои бивши го ценат, други го оставиле поради скиентологијата: Дали на Том Круз му е судено да биде „вечен ерген“?
- Детали
- недела, 23 ноември 2025
По три пропаднати бракови и уште повеќе неуспешни врски, Том Круз повторно е сингл. Голем дел од неговите бивши имаат само добри зборови за него, но повеќето не можеле да ја разберат скиентологијата и посветеноста на актерот кон црквата.

И покрај многуте шпекулации за скиентологијата и бурните разводи од Никол Кидман и Кејти Холмс, Том Круз останува почитуван актер кој го „бие глас“ дека е одличен со своите фанови, а важи и за еден од најпосакуваните холивудски ергени.
Но, по три брака и многу врски со славни жени, на 63-годишна возраст, Том Круз повторно е сингл.
Што имаат изјавено неговите бивши и зошто немал среќа со ниту една од нив?
Една од првите врски на Том која привлече внимание во јавноста е онаа со Шер.
Се запознале на свадбата на Мадона и Шон Пен во 1985-та, а почнаа врска набрзо потоа, и покрај тоа што пејачката е 16 години постара од него.
По првата средба, се сретнале и на настан во Белата куќа организиран со цел да се зголеми свесноста за лица со дислексија.
„Многу луѓе со дислексија беа поканети во Белата куќа, а и јас и Том имаме дислексија.
Не излеговме на состанок веднаш по настанот, но дефинитивно меѓу нас имаше конекција“, има изјавено пејачката.
Нивната врска траеше помалку од една година, но Том ѝ оставил толку добар впечаток, што Шер го нарекува еден од нејзините омилени љубовници.
Сепак, вели дека ѝ била чудна неговата конекција со скиентологијата.
„Извесен период нашата врска беше многу страсна. Том е прекрасна личност. Но, не ми беше јасно што прави, сето тоа со скиентологијата. Едноставно, не можев да го разберам“.
Две години откако раскина со Шер, Том се вена со првата сопруга – Мими Роџерс.
Се верува дека токму таа го внела повеќе во скиентологијата, додека Том изјави дека Мими била првата љубов во неговиот живот.
„Никогаш претходно не сум бил вљубен. Мислам дека таа ми помогна и да станам подобар актер. Делиме сè и таа ми е најдобриот пријател“.
По три години, тие се разведоа, а подоцна Мими сподели дека верата на Том имала удел.
„Том сериозно размислуваше да стане свештеник. Барем тој период, изгледаше како бракот да не се вклопува во неговото духовно патување.
И, тој се воздржуваше од секс за да се прочисти. Но, мене не ми одговараше тоа“.
Подоцна Мими ја негираше својата изјава, со тврдења дека била погрешно цитирана.
Додека да е финализира разводот со Мими, Том почна да се гледа со Никол Кидман.
За помалку од една година, тие се венчаа.
Но, и нивниот брак заврши со развод, откако Том ја напуштил по 12 години заедно.
Според изворите, Никол била шокирана кога Том поднел барање за развод. Причината била тоа што Никол не сакала да се приклучи на скиентолошката црква.
Том и Никол заедно посвоија две деца кои ја прифатија религијата на актерот, па денес немаат никаков контакт со актерката.