Стотици луѓе на погребот ги пееја нејзините песни во еден глас и аплаудираа - фановите ја испратија Шинед О' Конор (фото+видео)
- Детали
- среда, 09 август 2023
„Таа зборуваше за сите нас“ – со громогласен аплауз, низ песна и солзи Ирците масовно се простија од Шинед О’Конор, а посебна почит ѝ оддадоа преживеаните од згрижувачките домови и озлогласените магдаленски манастири, каде и Шинед била сместена како тинејџерка, а потоа гласно им се спротивстави.
Вчера во Ирска (08.08) се одржа погребот на познатата пејачка Шинед О’ Конор, а на социјалните мрежи се објавени повеќе видеа и фотографии од нацијата која беше собрана во толпа за да се прости од неа.
Пејачката беше најдена мртва на 26-ти јули годинава, а сѐ уште не се познати причините за нејзината смрт, но нејзините обожаватели во родната Ирска, вчера се собраа масовно за да ѝ оддадат почит.
Голем број обожаватели положија цвеќе пред нејзиниот поранешен дом во градот Бреј, а погребната поворка беше водена од комби Volkswagen Transporeter, од коe ечеше песната на Боб Марли, Natural Mystic.
Околу пладне, погребната поворка застана пред нејзиниот поранешен дом каде беа собрани нејзините обожаватели кои во еден глас и со солзи во очите ја испеаја нејзината песна Nothing Compares 2 U.
Поворката беше испратена со громогласен аплауз, а видеото од тој миг масовно се прошири на социјалните мрежи.
Инаку, посебно внимание привлекоа и големиот број од жртвите на озлогласените магдаленски манастири, каде во период од 1922 до 1996-та година девојчињата биле принудувани на присилна работа, а вчера се појавија пред домот на Шинед за да се простат од неа и да ѝ изразат почит за сето она што таа го направи за сите нив.
„Таа зборуваше за нас“ – велат оние што пораснале во згрижувачки домови и манастири.
Шинед како девојче била сместена во таква институција за проблематични девојки ,па затоа на почетокот на својата кариера беше мошне гласна во борбата против католичката црква и водеше кампања за апсење на црковните свештеници педофили.
Жртвите се собраа пред нејзиниот дом и држеа транспарент на којшто пишуваше:
„Страдајте мали деца и навистина страдавме во вашите згрижувачки домови и сиропатилишта“.
Погледнете повеќе фотографии од погребот на Шинед на следната страница...
Би можело да ве интересира:





