Го уценувала дека мора да имаат деца, сега бара стотици илјади долари месечна алиментација – Детали за разводот на Кевин Костнер

Актерот 6 години се двоумел дали сака да преземе нов сериозен чекор, па ја побарал за жена и одлучил дека сака да добие уште деца, откако таа му поставила ултиматум и тој одлучил дека нема да ја загуби затоа што се плаши.

Во 2007-ма година парот го доби синот Кејден (15), по што го добија и синот Хејес (14) и ќерката Грејс (12).

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-14.jpg

Се чинеше дека нивната врска е мошне цврста и тие двајца важеа за еден од најскладните парови, сè до мај годинава, кога портпаролот на Кевин Костнер потврди дека сопругата на актерот побарала барање за развод.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-15.jpg

Според извори блиски до парот, на Кристин ѝ пречело тоа што актерот постојано е отсутен додека работи на филмовите, а таа останувала сама со децата дома.

Поранешната дизајнерка бараше месечна алиментација во износ од речиси 250.000 долари и актерот да продолжи да ги плаќа трошоците за образованието на децата и здравственото осигурување.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-08.jpg

Кевин одби да плати толку висока алиментација, а потоа бараше судот веднаш да ѝ нареди на неговата поранешна сопруга да се отсели од семејниот дом, иако таа одбиваше да си замине.

За време на нивниот развод, во таблоидите беа објавени повеќе документи за тоа како се одвивала разделбата, а судот точно утврдил што смее, а што не смее да земе од домот кога си одела.

„На Кристин ѝ е дозволено да си ги земе средствата за хигиена, облеката, чантите и накитот, но не смее да земе мебел, апарати и уметнички дела“ – стои во еден од документите.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-09.jpg

Веќе неколку месеци Кевин и Кристин водат вистинска битка во судницата.

Таа се обидува да го оспори предбрачниот договор така што го обвинува актерот дека криел дел од финансиите, потоа го обвини и за афери, а нејзиниот говор за тоа зошто ѝ треба толку висока алиментација привлече огромно внимание.

Таа рече дека луксузниот начин на живот е во ДНК-та на нејзините деца и дека тие не знаат како да живеат поинаку.

go-ucenuvala-deka-mora-da-imaat-deca-sega-bara-stotici-iljadi-dolari-mesechna-alimentacija-detali-za-razvodot-na-kevin-kostner-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...

Најчитани неделава