Од голотија со лепенки на интимата до гламур: Најлошо и најдобро облечените на MTV Video Music Awards (фото)
- Детали
- среда, 13 септември 2023
Шакира и Селена Гомез изгледаа беспрекорно, но Емили Ратајковски и Ники Минаж се појавија со „кич“ фустани и важат за едни од најлошо облечените на доделувањето на MTV Video Music Awards. Имаше и такви кои прошетаа речиси голи и ги запрепастија присутните. Што носеа другите ѕвезди?
Вчера, 12-ти септември, се одржа доделувањето на MTV Music Video Awards.
Покрај самите награди, во фокус на настанот се и модните изданија на ѕвездите кои присуствуваат.
На настанот се појавија некои од најголемите имиња во музичката индустрија – дел од нив изгледаа беспрекорно, но некои направиле вистински утки со модните изданија.
Шакира изгледаше совршено во долг сребрен фустан, а и Селена Гомез беше прекрасна со уникатен црвен фустан.
Емили Ратајковски и Ники Минаж, од друга страна, се прогласени за едни од најлошо облечените на настанот.
Емили носеше чуден фустан со зелен горен дел и здолниште со „кич“ дезен.
Ники Минаж, пак, се појави со фустан со корсет кој повеќе наликува на долна облека.
На настанот дефинитивно доминираа разголените изданија и голем дел од ѕвездите се појавија со проѕирни фустани.
Што носеа познатите на MTV Video Music Awards?
Спирова С. | Црнобело