Аријана Гранде се кае што ставала ботокс и филери до 25 години – си ја отвори душата во емотивна исповед
- Детали
- четврток, 14 септември 2023
Светската ѕвезда Аријана Гранде (30) јавно призна дека со години ставала ботокс и филери на лицето, но дека се кае бидејќи во еден момент престанала и самата да си го препознава сопствениот лик. Пејачката престанала да со козметичките процедури во 2018 година и сега е многу позадоволна од својот изглед. Колку се смени Аријана низ годините?
Аријана Гранде сними видео за магазинот Vogue во кое ја покажа својата рутина за шминкање и производите што ги користи.
Додека се снимаше и објаснуваше како ја нанесува шминката на своето лице, таа се расплака и призна дека низ годините често ставала ботокс и филери на лицето, но дека во еден момент сфатила дека претерала и сега се кае за тоа.
Сега
Гранде, која е основач на компанијата R.E.M. Beauty, пред да почне да ги шминка усните, ја почна својата искрена исповед.
„Како личност која е дел од индустријата за убавина, целосно ќе бидам транспарентна додека ги шминкам усните. Ставив еден тон филери за усни низ годините и ботокс.
Престанав во 2018 година затоа што едноставно чувствував дека е премногу. Имав чувство како да се кријам“.
Сега
Таа се расплака и рече дека не очекувала да биде толку емотивна додека раскажува за минатото.
„Низ годините користев шминка како маска или како нешто зад што можам да се скријам. Од иста причина имав и големи фризури. Повеќе коса, подебела линија од моливот за очи.
Е, тоа понекогаш може да биде убаво, а јас сè уште имам љубов кон дебелите линии над очите“, вели таа.
Некогаш
Бидејќи настапува од дете, Гранде уште од мала го прифаќала туѓото мислење, особено кога тоа било поврзано со изгледот.
„Да се биде изложен на толку многу различни гласови, особено на млада возраст, кога секој има што да каже за вашиот изглед, е навистина тешко.
Но, кога имаш 17 години, не знаеш што треба да прифатиш, а што не“, вели Гранде во видеото на Vogue.
Некогаш
Како што ѝ се зголемувала самодовербата, така Аријана почнала да гледа поинаку и на естетските процедури.
„Веќе не сакам да се кријам зад шминката. Сега мислам дека таа треба да е само средство за самоизразување и истакнување на она што го имаме“, вели таа.
Сега
Иако веќе не користи филери и ботокс, Гранде не ја отфрли можноста за десетина година да направи процедура за лифтинг на лицето или нешто за подмладување.
„Се надевам дека линиите од моите насмевки се видливи на лицето и стануваат сè подлабоки и подлабоки. Мислам дека стареењето може да биде убава работа.
Дали ќе посакам да се подмладам за 10 години? Можеби да. Но, ова се само работи за кои ќе мислам тогаш“, вели таа.
Некогаш
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





