Бившиот сопруг на Ејми Вајнхаус за првпат се исповеда: „Бев зависник од дрога, не знаев како да си помогнам себеси, а не пак на неа“

Блејк признава дека Ејми посакала да проба хероин бидејќи го видела него како ја користи дрогата. Тој вели дека многу ретко користел хероин и затоа не бил зависен од дрогата.

Сепак, откако Ејми ја пробала, на почетокот ни двајцата не биле свесни во што се впуштаат, мислеле дека хероинот е „само дрога“ која нема да им наштети или да им создаде зависнсот.

Нормално, Блејк е во лош однос со семејството на Ејми, а во интервјуто прозборе и за тоа и за можноста да се смират.

„Не сум сигурен кои се нивните интереси, но јас лично честопати мислам на тоа.

Имаше период кога се прашував дали би вредело да зборувам со нејзиното семејство, можеби да го подобриме односот. Бидејќи, сите ние ја сакавме Ејми“.

vo-red-e-da-me-obvinuvaat-za-se-bivshiot-soprug-na-ejmi-vajnhaus-so-emotivno-intervju-po-povod-nejziniot-40-ti-rodenden-02.jpg

Сепак, Блејк вели дека досега не пробал да стапи во контакт со нив.

Тој сметал и дека не заслужува да биде дел од приказната на Ејми Вајнхаус.

Односно, Ејми била талентирана и извонредна пејачка и тој не заслужува да биде дел од тој аспект од нејзиниот живот.

vo-red-e-da-me-obvinuvaat-za-se-bivshiot-soprug-na-ejmi-vajnhaus-so-emotivno-intervju-po-povod-nejziniot-40-ti-rodenden-08.jpg

Блејк и Ејми имаа бурна врска – раскинуваа и се смируваа – пред да се венчаат во 2007 година.

Неколку месеци по венчавката, јавноста дозна дека двајцата користеле хероин.

Следната година, 2008-ма, Блејк беше уапсен за напад во паб во Британија. Кратко откако беше ослободен од затвор во 2009-та, Блејк поднесе барање за развод од Ејми.

vo-red-e-da-me-obvinuvaat-za-se-bivshiot-soprug-na-ejmi-vajnhaus-so-emotivno-intervju-po-povod-nejziniot-40-ti-rodenden-09.jpg

Пејачката почина во 2011 година, а два месеца по нејзината смрт, Блејк доби син.

Ејми се прослави практично преку ноќ, но проблемите со алкохолот и дрогата ја засенија нејзината кариера.

Пејачката неколкупати пробуваше да се исчисти, а по нејзината смрт, извори блиски до неа тврдеа дека Блејк бил оној кој повторно ја терал да им се врати на дрогата и алкохолот.

vo-red-e-da-me-obvinuvaat-za-se-bivshiot-soprug-na-ejmi-vajnhaus-so-emotivno-intervju-po-povod-nejziniot-40-ti-rodenden-10.jpg

Пред смртта, Ејми успеа да се ослободи од зависноста од дрога, но веќе имаше сериозни проблеми со здравјето.

Нејзиното семејство откри дека имала и булимија, била физички преслаба, па ова, во комбинација со алкохолот, се покажало како кобно за неа.

„Страдаше од булимија. Ова не е некакво откритие – се знаеше само ако ја погледнавте. Кога-тогаш ќе умреше со животот што го водеше, но она што ја уби е булимијата.

Мислам дека ја направи послаба и поподложна на болести. Ако немаше нарушување во исхраната, ќе беше физички посилна“, изјави брат ѝ во 2013-та.

vo-red-e-da-me-obvinuvaat-za-se-bivshiot-soprug-na-ejmi-vajnhaus-so-emotivno-intervju-po-povod-nejziniot-40-ti-rodenden-1.jpg

Спирова С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg