Бившиот сопруг на Ејми Вајнхаус за првпат се исповеда: „Бев зависник од дрога, не знаев како да си помогнам себеси, а не пак на неа“
- Детали
- петок, 15 септември 2023
„Тажно е што не е овде. Постојано мислам на неа. Мислев на неа утрово (14.09) кога ѝ посакав среќен роденден…“, вели Блејк, бившиот сопруг на Ејми Вајнхаус во интервју по повод нејзиниот 40-ти роденден, во кое признава дека таа почнала да користи хероин поради него. Пејачката почина во 2011 година, а два месеца по нејзината смрт, Блејк доби син.
Вчера, 14-ти септември, Ејми Вајнхаус би го прославила 40-тиот роденден. Нејзиниот поранешен сопруг, Блејк Филдер Сивил, даде ретко интервју за Good Morning Britain со цел да го обележи роденденот на пејачката.
Ејми почина во 2011-та, на 27-годишна возраст од труење од алкохол, а со Блејк беше во брак од 2007 до 2009 година.
Во интервјуто, Блејк можеби првпат признава дека таа почнала да користи хероин поради него и донекаде се чувствува виновен за нејзината прерана смрт.
На прашањето што би направил поразлично доколку би имал можност да се врати во времето, Блејк одговори: „Речиси сè“.
„Тажно е, сакав да ѝ го честитам роденденот на Ејми. Тажно е што не е овде. Постојано мислам на неа. Мислев на неа утрово кога ѝ посакав среќен роденден.
Таа ми беше најдобриот пријател. Ако немаше некои фактори, мислам дека нашата врска ќе беше многу поразлична“.
Блејк додава дека овие фактори се зависноста од дрога, но и огромната популарност на Ејми.
Фановите на Ејми го обвинуваа Блејк за нејзината пропаст уште додека беа во брак, а сега тој реши да се огласи на обвинувањата. Блејк истакнува дека самиот го носел тој товар со години.
„Тоа е една од причините зошто сакав да зборувам денес. Другите ме обвинуваат и тоа е во ред. Не можам да променам како се чувствуваат луѓето, но јас лично морав да престанам да го носам тој товар. Го носев над 10 години.
Мислам дека јас сум единствената личност во приказната на Ејми која презеде одговорност, кажав дека направив некои огромни грешки. Бев зависник од дрога. Не знаев како да се исчистам самиот, не па да помогнам на некој друг“.
Една од водителките го праша Блејк дали мисли дека Ејми би почнала да користи дрога ако тој не бил зависник.
„Јас не бев зависник пред Ејми да стане зависник… Но, станав зависник“, одговори Блејк.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





