„Зошто Ирина Шајк ме извади од такт?“
- Детали
- четврток, 21 септември 2023
„Ова е лоша порака. Не, помодреното око не е дизајнерска чантичка. Жртвите на насилство се трудат да ги сокријат белезите, а не парадираат со нив, како некаков моден детаљ. Се срамам од ова што го видов од Ирина Шајк на модна ревија...“
Не, помодреното око не е моден додаток за на модна писта!
Никола Милер, водич на хуманитарната организација „The Dash Charity“, која се бори против семејно насилство, ја искритикува Ирина Шајк, откако на ревија на брендот „Mowalola“ на Модната недела во Лондон се појави со нашминкано око, кое оддава впечаток дека била жртва на насилство.
Апелот на Никола Милер гласи:
„Ниту во милион години не можев да си замислам дека ќе видам вакво нешто на модна ревија. Едноставно не можев да си поверувам на очите, ми се слоши искрено.
И Ирина Шајк и други модели носеа шминка, која оддаваше впечаток како да имаат лузни од насилство на лицето.
Не, ова не е порака против семејно насилство, ова е навреда за жртвите.
Плус, се згрозив што модните магазини не удрија со критика по оваа бизарна модна ревија.
Се исплашив дека го нормализираме насилството врз жените, а јас работам повеќе од една деценија за борба против тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





