Се чувствувала како „грда жена“ со него, тој доби дете од друга кога беа заедно: Детали за врската на Кристијано Роналдо и Ирина Шајк
- Детали
- сабота, 06 јуни 2026
Во 2015-та, по пет години заедно, Кристијано Роналдо и Ирина Шајк раскинаа, наводно бидејќи фудбалерот бил неверен. А, на почетокот од нивната врска, Кристијано доби дете од друга жена чиј идентитет до денес е тајна. Се сеќавате на врската на Ирина и Кристијано?

Речиси една деценија, Кристијано Роналдо е во врска со Џорџина Родригез.
Со неа, фудбалерот доби три деца, но едното од нив почина веднаш по раѓањето.
Фудбалерот има уште две деца од други жени, кои Џорџина сега ги гледа како свои.
Моментално Роналдо и Џорџина се пример за среќен и успешен славен пар, но пред да ја запознае неа, фудбалерот имаше сериозна, но и бурна врска со друга позната жена – Ирина Шајк.
Кристијано и Ирина беа заедно околу пет години, а нивната врска ја одбележаа низа шпекулации за неверства од страна на фудбалерот.
Што знаеме за врската на Кристијано Роналдо и Ирина Шајк?
Кристијано и Ирина првпат се сретнале на заедничка фотосесија за Armani.
Хемијата меѓу нив била очигледна уште на фотосесијата, а истата година, 2010-та, почнаа да се гледаат.
Дотогаш, Кристијано веќе имаше завидна фудбалска кариера, додека Ирина брзо се пробуваше на модната сцена.
Штом јавноста дозна за нив, преку ноќ станаа омилениот славен пар.
И, заедно изгледаа навистина среќно, без разлика дали на важен настан, на романтичен состанок или само на прошетка.
Само неколку месеци откако ја почнаа врската, Кристијано го доби првото дете – Кристијано Роналдо Џуниор – од непозната жена.
Беше јасно дека детето не е на Ирина, но идентитетот на мајката, кој до денес е мистерија, поттикна многу прашања.
Сепак, Кристијано ги избегнуваше сите и само гордо го претстави синот пред светот:
„Со голема радост ве известувам дека неодамна станав татко на момче. По договор со мајката, која сака да остане анонимна, јас имам целосно старателство над мојот син“, сподели фудбалерот.
Ова, очигледно, не претставувало никаков проблем за Ирина бидејќи таа остана со фудбалерот уште неколку години.
Дека нивната врска е стабилна покажаа и со заедничка насловна страница на шпанското издание на магазинот Vogue во 2014-та.
И, фотката беше навистина провокативна – Ирина носи бел фустан, дека Кристијано позира зад неа, потполно гол.
„Многу ми значи што ја делам насловната станица со Ирина. Таа е најубавата жена во светот и работењето со неа е нешто навистина посебно.
Ова е првпат да направиме нешто заедничко и вистински уживав“, изјави тогаш фудбалерот во интервјуто за магазинот.
Но, набрзо по насловната страница, работите почнале да одат на лошо.
До денес не е познато што точно се случило меѓу Ирина и Кристијано, но наводно ситуацијата ескалирала кога фудбалерот планирал роденденска забава за неговата мајка.